• Latest

Спасовски: Дигитализацијата сама по себе не е трансформација за технологијата, туку за човекот

October 31, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Спасовски: Дигитализацијата сама по себе не е трансформација за технологијата, туку за човекот

Дигиталната трансформација е фундаментална реалност на денешницата и иднината, но единствено во чекор со предизвиците на новото време ќе бидеме од полза на општеството и граѓаните, истакна Спасовски.

October 31, 2023 15:48
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мининистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Охрид присуствуваше и имаше обраќање на Вториот глобален Самит за дигитализација на тема – Процесот на дигитализација и дигитална трансформација како предуслов за интероперабилност меѓу судовите и другите државни органи во коорганизација на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во  правосудството  поддржан од ТAIEX од Брисел и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Спасовски рече дека кога зборуваме за процесот на дигитална трансформација треба да имаме предвид дека таа не претставува само имплементација на нови технологии и алатки во процесите на работење, туку во својот фокус го има човекот, неговите потреби со цел олеснување на секојдневните обврски, забрзување и достапност до сите услуги кои ние како јавен сектор ги обезбедуваме за граѓаните. Така што дигитализацијата сама по себе не е трансформација за технологијата, туку за човекот.

„Министерството за внатрешни работи навремено ја увиде потребата од дигитална трансформација на општеството, а со тоа и на самото Министерство, и одговорно и динамично пристапи кон практична имплементација во трансформацијата на нашето општество во дигитално општество. Министерството за многу краток период, изработи софтверски решенија и веб сервиси кои се од сопствен развој,  изработи и дава преку 93 услуги преку Националниот портал за физички и правни лица и  во моментов се работи на уште 40 услуги најголем дел од нив се електронски кои се во фаза на одобрување, верификација и внесување во Националниот портал.“, потенцираше  Спасовски.

Спасовски образложи дека Министерството за внатрешни работи континуирано работи и на дигитализација на своите интерни процеси потенцирајќи го Одделот за информатика и телекомуникации, кој  како сопствен развој пред извесно време ја стави во употреба новата апликација за работа со матичен број, која ја сметаме за една од најкомплексните апликации во Министерството со што се овозможи поголема ефективност за вработените, помало чекање на шалтер од страна на граѓаните како и можноста за поврзување со Управата за водење матични книги преку платформата за интероперабилност, која ќе се реализира за краток период. Исто така, беше ставен во употреба и нов софтвер за работа со странски државјани и баратели на азил со што се овозможи целосно систематизирање на досегашните податоци, стандардизација во процесите на работење, како и негова целосна интеграција со системот за лични документи.

Дигитализацијата е комплетно завршена и на друг дел на системите на МВР и тоа Националниот радио-комуникациски систем ТЕТРА комплетно награден со нов хардвер и софтвер, Центарот за опоравување од катастрофи во Прилеп кој има капацитет на резервен податочен систем за сите државни и институции од јавен интерес, Системот за видео надзор за контрола на пристап во седиштето на МВР, Системот за дигитална телефонија и Системот за бројот за итни интервенции на полицијата „192“ и неговата интеграција со системот „112.“

Спасовски на крајот од своето обраќање  констатираше дека дигиталната трансформација е фундаментална реалност на денешницата, но и на иднината, како за бизнисите, така за јавниот сектор и институциите кои мора да бидат подготвени да го дигитализираат пристапот до своите процеси и услуги имајќи ги предвид секојдневното динамично живеење и потребите на граѓаните и дека единствено во чекор со предизвиците на новото време ќе можеме да бидеме од полза на општеството и на граѓаните.

Фото: Влада

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ