• Latest

(РЕАКЦИИ) Дритон Зенку: Забелешките на Рамадани беа разумни, во „Само Вистина“ точно е дека често се истура гнев против Албанците

November 2, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(РЕАКЦИИ) Дритон Зенку: Забелешките на Рамадани беа разумни, во „Само Вистина“ точно е дека често се истура гнев против Албанците

November 2, 2023 13:42
in ИЗЈАВИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Она што се случи во средата навечер во директниот пренос на емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, уште еднаш ги докажува дивергенциите што постојат во нашето општество, вели во изјава за ЦИВИЛ, новинарот Дритон Зенку, коментирајќи го синоќешниот телевизиски скандал на Канал 5 телевизија, во кој директорот на овој медиум побара еден од поканетите гости да го напушти студиото.

Тие се рефлексии на моментот кои ја вадат оваа појава на површина. Поранешниот пратеник Исмет Рамадани е активен на јавната сцена повеќе од две-три децении и е сведок на меѓуетничка омраза од почетокот на политичкиот плурализам, но и порано. Рамадани излезе од себе условно кажано, поради фактот што сенката на македонскиот национализам го следи повеќе од три децении. Оваа оценка не е обид за амнестија на Рамадани, но вистината мора да се истакне. Рамадани е влијателен политички аналитичар и се занимава со појавите кои се случуваат во општеството. Забелешките на Рамадани беа разумни, бидејќи во „Само Вистина“ е точно дека често се истура гнев против Албанците, нагласува Зенку.

Според него, водителот на емисијата Александар Видиновски објасни дека се оградува од антиалбанските квалификации, а факт е дека водителот на емисијата може само толку од својата улога.

Модераторот на емисијата не може да ја преземе улогата на судија и да ги запре интерпретациите на гостите. Она што модераторот може да го направи е да ги оддалечи евентуалните коментари на гостите од уредувачката политика на медиумот. Скандалозна беше интервенцијата на директорот на телевизијата Канал 5, Иван Мирчевски, кој докажа како раководи со медиумот. Диктатурата и железната рака не се модел за функционирање на медиумите во недемократските земји. Од неговиот диктат се наметнува прашањето каква автономија имаат новинарите на оваа телевизија. Но, случајот со Мирчевски докажува каква улога имаат директорите на медиумите, во случајов, националните телевизии во Северна Македонија. Тие имаат тенденција да се однесуваат како луѓе со апсолутна моќ. Токму дотичниот во еден случај имал храброст да интервенира кај раководителот на институцијата во која е вработена неговата сопруга, да побара од него да не му се доделуваат работни обврски. Друг момент што би сакал да го истакнам е случајот со подготовката на новиот закон за медиуми. Директорите на националните телевизии со концесија за дигитален терестријален мултиплекс, имаа ексклузивен пристап – исклучување на другите медиуми во однос на финансирањето од државата. Нивното влијание ги забрани онлајн медиумите, со закани од типот, објавување војна против нив и соборување на владата, вели тој.

Затоа, додава тој, државата треба да има доволно храброст да не дозволи недопирливи групи да лобираат.

Во демократските држави, законот е ист за сите, дури и за директорите на медиумите, потенцира Зенку.

Дестан Јонузи

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ