• Latest

Орданоски: Гласањето на дел од етничките Албанци за СДСМ, ќе биде најбитниот момент во македонската политичка историја!

November 22, 2016
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Орданоски: Гласањето на дел од етничките Албанци за СДСМ, ќе биде најбитниот момент во македонската политичка историја!

November 22, 2016 10:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во оваа анализа зборува за причините поради кои е речиси невозможно да се даде вистинска прогноза за тоа, како ќе завршат изборите. Според него, граѓаните масовно лажат во анкетите, и за тоа не треба да бидат обвинувани, оти живеат во недемократска земја и секојдневно се изложени на разни притисоци.

Мојот став е, сепак, поразличен. Сметам дека овој пат е многу тешко и речиси невозможно да се добие вистинска слика и да се дојде до вистинска прогноза за тоа, како ќе завршат изборите, без разлика на мноштвото анкети, што не само партиите, туку и други организации, ги прават во македонската јавност.

За тоа има неколку добри причини.

Прво, Македонија не е демократска земја со години наназад, затоа не може да очекувате во недемократска земја, јавноста да се однесува демократски, дури и на ниво на она што се нарекува јавно мислење. Кога ги гледаме анкетите, сите истражувања на јавното мислење, ние што се занимаваме со тоа, гледаме јасни деформации во ставовите, и тоа во многу повеќе проценти, отколку што се статистичките грешки.  Со други зборови да кажам, луѓето лажат, лажат масовно и за тоа не треба да бидат обвинувани, бидејќи ние живееме во земја, во којашто две години сме под експлозија на „бомби“ за телефонски прислушувања, се изнаслушавме разноразни разговори, во кои високи партиски и државни функционери говорат за разни притисоци, за разни методи на закани и рекетирања кон граѓанството. Па, тогаш, не е чудно, што граѓаните – кога во телефонски анкети се прашани „за кого ќе гласате и кои се вашите политички ставови?“ – масовно лажат! Тоа е првата причина.

Второ, кај нас, политичката криза трае предолго. Во една таква ситуација, нормално е што општеството е растресено, не само на индивидуално, туку и на повисоки општествени нивоа. И поради тоа, имате големи бранови на луѓе, коишто и во овие анкети кои што сега се објавуваат, во голем процент велат дека не знаат, не сакаат или нема да излезат на избори! Тој процент е необично голем, за само неколку недели пред избори и во различни анкети, се движи меѓу 30 и 40 отсто. А, со толкав голем процент на нејасни одговори, не може да направиме прецизна математика, дури и приближна математика за тоа – како ќе се гласа.

Трет фактор е причината што стотици илјади луѓе се иселија од Македонија. Ние немаме реално вистинска слика на теренот, за тоа колку граѓани и колку гласачи има денес Македонија. Избирачкиот список се прочисти, така како што се прочисти, се разбира дека тоа  е далеку од некаква реална ситуација. Но, и тоа е еден факт…

И тоа е еден фактор околу можноста да се проценат вистинските цифри и вистинските проценти за тоа како ќе се однесува гласачкото тело. Исто така, голем фактор е и фактот што за првпат, можеби, во последните десетина години, имаме едно битно раздвижување во двата главни гласачки кампуси, во албанскиот и во македонскиот гласачки кампус. Од една страна, кај Албанците, по цела една деценија, се јавува еден нов бран, една нова опција која оди на тоа да собере гласови од едно навистина големо незадоволство што владее меѓу тоа гласачко тело, од начинот на којшто ДУИ беше вклучена во владеењето со земјата речиси една деценија. Бидејќи се случува за првпат, агендата да не е само етничка, туку е агенда која што е социјална, економска, којашто е за некакви политички права и така натаму. Тешко може да се предвиди во кој процент тоа незадоволство, кое што е евидентно меѓу Албанците, ќе се претвори во гласање за некакви други опции, па меѓу другото, и не само за албански опции. Бидејќи слушаме прогнози дека еден дел од Албанците, дури би рекол позначителен дел, не само неколку стотици, туку и илјадници луѓе може да се случи да гласаат и за СДСМ. Што веројатно ќе биде најбитниот политички нов момент во македонската дваесет и кусур годишна политичка историја – во еден значаен дел да се гласа за опција која не е неопходно етничка.

Кај Македонците имаме еден друг феномен, и тоа е пред сè, оваа појава, сега веќе на еден поорганизиран и поконзистентен начин, на нова десница. Треба да видиме дали тој собир на значајни личности од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, тој повик до оригиналното членство на ВМРО-ДПМНЕ да се гласа за нив, а не за постоечкото ДПМНЕ, кое според нив, а и според многу други анализи, ги има напуштено изворните вредности на историското ВМРО, ќе го привлече гласачкото тело. Ќе видиме како тоа ќе резонира на денот на гласањето. Затоа, мене ми се чини дека овој пат, Македонија  е доведена во ситуација кога ние навистина, би рекол дури на 11-ти декември  околу полноќ, ќе го дознаеме расположението на гласачкото тело во Македонија. Не само затоа што дури и во светски рамки сите истражувања на јавното мнение покажаа големи проблеми и големи неточности во изминатата година. Бројни се случаите на промашени прогнози за исходите на разни референдуми, на разни политички избори и така натаму, па  и кај нас, се наоѓаме во една состојба во која што сегашните истражувања на јавното мнение, според мене, претставуваат точен збир на неточни податоци.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализаизборипрогнозиСашо ОрданоскиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ