• Latest

Кампања на ЦИВИЛ за неприкосновеното право на #СлободниИзбори

November 25, 2016
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кампања на ЦИВИЛ за неприкосновеното право на #СлободниИзбори

November 25, 2016 17:07
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода го лансира женскиот дел од 15-дневната кампања #СлободниИзбори денеска со три видео спотови. Видео спотовите во првата, „женска фаза“ се кратки, јасни и директни. Без заобиколување, во два од нив се говори за неприкосновеноста на правото на глас, а во третиот се упатува повик до граѓанките и граѓаните да бидат активни набљудувачи на процесот.

„Правото на глас не е привилегија. Тоа е право кое никој не смее да го одземе, ниту да го ограничи или манипулира. Слободни избори – ДА! Изборна кражба – НЕ!“ – се вели во првиот видео спот.

Во вториот видео спот, истите протагонистки велат: „Правото на глас, правото на слободни избори, правото да се бара легитимна и демократска власт, се неприкосновени права на сите граѓанки и граѓани на Република Македонија. Слободни избори – ДА! Изборна кражба – НЕ!“

Карактерот и на оваа кампања на ЦИВИЛ е повод да се погледне и во позициите и праксата на ЦИВИЛ во поглед на родовите прашања.

YES to #FreeElections NO to elections theft Slogan of CIVIL, press conference on April 6, 2016

„Се одлучивме да стартуваме со женски ликови во кампањата сосема природно. Речиси две третини од нашите долгорочни набљудувачи се жени. Во минатото, иако соочени со дополнителни, специфични притисоци, жените во нашите мониторинг тимови беа исклучително успешни. Тие постојано се активни и откриваат голем број случаи на кршење на човековите права и слободи, дискриминација, злоупотреби и кршење на гласачкото право. Ние како организација не спроведуваме некоја посебна политика и не вршиме позитивна дискриминација. Едноставно, жените отсекогаш биле мнозинство во ЦИВИЛ. Верувам дека сензибилитетот, храброста, искреноста и интелигенцијата на жените ќе бидат решавачки за надминување на големите предизвици кои се наоѓаат пред нашата земја. Погледнете го само Специјалното јавно обвинителство и ќе ви стане јасно“ – рече првиот ЦИВИЛ, Џабир Дерала во телефонската изјава за јавноста, во која се осврна на „женскиот карактер“ на првиот дел од кампањата #СлободниИзбори, воедно коментирајќи ја позицијата и улогата на жените во општеството.

„Пријавете: кршење на гласачкото право, агресивна пропаганда, партиско вработување, притисоци, уцени, поткуп, дискриминација, фантомски гласачи, насилство… Слободни избори – ДА! Изборна кражба – НЕ!“ – се порачува во третиот видео спот  во кој се повикуваат граѓанките и граѓаните да пријавуваат нерегуларности.

Без претенциозност, креативниот тим на ЦИВИЛ решава да го прескокне вообичаениот брендинг и форсирање на логото на организацијата. Наместо тоа, одбира да се обрати до онлајн заедницата и да го промовира хаштагот #СлободниИзбори.

Исто така, на спотовите се гледа и линк до веб страницата Слободни избори на која граѓанките и граѓаните веќе одамна имаат можност да пријавуваат нерегуларности. Од таа веб страница посетителите можат и да се кандидираат за краткорочни набљудувачи или да читаат дел од богатата издавачка продукција на организацијата.

Линкот до „главната“ веб страница на ЦИВИЛ воедно ја потпишува организацијата која никогаш не се криела зад анонимноста, а инаку е отворен извор на информации и едукативен материјал кој секојдневно се надградува како дел од работата на вредната и креативна екипа на ЦИВИЛ Медиа.

Кампањата ќе се пласира преку социјалните мрежи и преку оние медиуми кои ќе ја поддржат оваа кампања.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: #СлободниИзбориизборикампањаНАПРЕДЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ