• Latest
Фото: wikimedia commons

Екстремно десничарскиот популист, обожавателот на Трамп, Хавиер Милеи е новиот претседател на Аргентина

November 20, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Екстремно десничарскиот популист, обожавателот на Трамп, Хавиер Милеи е новиот претседател на Аргентина

Тој е првиот аутсајдер кој стигнал до претседателската функција и е значително подалеку десничар од кој било кој досега ја извршувал оваа позиција.

November 20, 2023 10:38
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: wikimedia commons

Фото: wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Хавиер Милеи победи на претседателските избори во Аргентина синоќа , победувајќи го противкандидатот министерот за економија Серхио Маса со 55,69% наспроти 44,31% од гласовите.

Екстремно десничарскиот слободарски популист ги освои сите, освен три од 24-те провинции на нацијата, а Маса призна дури и пред изборната власт да почне да ги објавува прелиминарните резултати.

Неговото ветување за ненадејна, сериозна промена одекна кај Аргентинците уморни од годишната инфлација која се искачи над 140% и стапката на сиромаштија која достигна 40%. Тој ќе ја преземе власта на 10 декември.

Откако ќе дојде на функцијата, Милеи рече дека ќе ги намали владините трошоци, ќе ја доларизира економијата и ќе ја елиминира Централната банка, како и клучните министерства, вклучително и оние за здравство и образование.

Обожавателот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, исто така, се претстави како крстоносец против злобните лаги на глобалниот социјализам со планови да ја исчисти владата од корумпираните политичари од естаблишментот.

Меѓутоа, во неделите пред вториот круг, тој се повлече од некои од неговите понепопуларни предлози, како што се олабавување на контролата на оружјето и опширна, неселективна приватизација.

Поддржувачите славеа во неделата вечер пред седиштето на Милеи во центарот на Буенос Аирес, пиејќи пиво и скандирајќи додека одекнуваше огнометот.

Тие вееја и аргентински знамиња и жолто знаме на Гадден, исцртано со зборовите „Не гази ме“, што движењето на Милеи го усвои како свое.

Со одземање на моќта од перонистичката партија на Маса, која со децении доминира во аргентинската политика, победата на Милеи претставува промена на политичката парадигма во земјата.

Тој е првиот аутсајдер кој стигнал до претседателската функција и е значително подалеку десничар од кој било кој досега ја извршувал оваа позиција.

Во пресрет на гласањето, Маса и неговите сојузници ги предупредија Аргентинците дека планот на неговиот противник да ги елиминира клучните министерства и инаку остро да ја ограничи државата ќе ги загрози јавните услуги, вклучително здравството и образованието, како и програмите за социјална помош на кои многумина се потпираат.

Милеи го обвини својот противник дека водел „кампања на страв“ и на последното место во кампањата, строго се загледа во камерата и вети дека нема да ги приватизира образованието, здравството или фудбалските клубови.

Извор: Еуроњус /  А. В. 

Tags: АргентинаизборипретседателХавиер Милеи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ