• Latest
Објавата на помилуваниот убиц и канибал, Денис Горин на социјалните мрежи. Фото: Однокласници

Путин ослободува осуденици за убиство и канибализам за да се борат во Украина

November 24, 2023
фото извор: Алта банка

АЛТА БАНКА: Кредити од 1,6 милиони евра и можен судир на интереси

November 16, 2026

(ИНФОГРАФИК) Алта банка Битола: Кој продава и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

November 16, 2026
Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Естонија ги затвора сите три гранични премини кон Русија од 1 декември по обидот за саботажа

November 16, 2026

АЛТА БАНКА БИТОЛА НА ПРОДАЖБА: Кој има право да ги продаде акциите и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

Потресна објава на мајката на Сара: Ќерката е во болница, осомничениот на слобода – кој ја штити правдата?

November 16, 2026
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ ја засилува поддршката за Украина пред зимата и предупредува на руските хибридни закани

November 16, 2026
Илустрација ВИ

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден за толеранција: Толеранцијата не е молчење пред агресијата и омразата – нема мир без правда

November 16, 2026
NVIDIA (photo:  Wikipedia)

NVIDIA во криза: Меѓу секс скандалите и шпионажата

November 16, 2026

Држава на апсурди и индиции за продолжување на уривањето на Системот за заштита и спасување

November 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Путин ослободува осуденици за убиство и канибализам за да се борат во Украина

Од почетокот на војната со Украина, Русија редовно ослободува убијци, силувачи и осудени за други тешки злосторства откако служеле во Украина. Голем број од помилуваните и ослободените извршиле нови злосторства по враќањето од војната. Дури 30 убиства потоа биле извршени од повратници.

November 24, 2023 15:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Објавата на помилуваниот убиц и канибал, Денис Горин на социјалните мрежи. Фото: Однокласници

Објавата на помилуваниот убиц и канибал, Денис Горин на социјалните мрежи. Фото: Однокласници

Share on FacebookShare on Twitter

44-годишен Русин, предходно осуден за убиство во три одвоени случаи, објави свои слики во воена униформа на социјалните мрежи на ужас на роднините и соседите на неговите жртви.

Во средата, Кијив пост го објави помилувањето на Николај Оголобјак, осуден за убиство и канибализам, во замена за борба за Русија во Украина како дел од одредот „Бура З“.

Во четвртокот медиумскиот сајт Агентсво, на својот Телеграм канал објави дека уште еден осуден убиец и канибал, Денис Горин, бил пуштен да се бори во Украина.

Горин, од Анива во Сахалинскиот регион извршил убиства на четири лица во три одделни инциденти помеѓу 2003 и 2012 година, по што изел делови од една од своите жртви.

Прво беше осуден за убиство на маж во 2003 година и осуден на 10 години затвор пред да биде рано „за добро однесување“ во 2010 година. Тој ноември уби друг човек, исече парчиња од телото што подоцна го изеде – тоа убиство беше неоткриено во тоа време.

Во јуни 2011 година, тој и неговиот брат Евгениј брутално претепаа човек и го избодеа до смрт додека тој беше во несвест во друг неоткриен инцидент, а потоа во јануари 2012 година, браќата убија уште едно лице.
Двајцата Горини беа уапсени, а потоа во 2018 година Денис беше осуден на 22 години во казнена колонија на специјален режим за сите три последователни убиства.

Претходно оваа година Горин беше ослободен кога се согласи да се бори за Русија во Украина. На 24 октомври тој објави своја слика во воена униформа на својата страница на социјалните мрежи „Однокласници“. На фотографијата, тој носи лента за Свети Ѓорѓи и лепенка на доброволци „Зачебурашим“ и очигледно е ранет.

Сосед од родниот град на Горин идентификуван само како Дмитриј изјави за вестите Sibir.Realii:

„Сега тој е во Јужно-Сахалинск, во болница, со умерена повреда. Сметајте го за слободен, помилуван, половина реченица од ведро небо“.

„Но, мислам дека тој нема долго да биде слободен. Роднините на неговите жртви паметат сè“.

Од почетокот на војната со Украина, Русија редовно ослободува убијци, силувачи и осудени за други тешки злосторства откако служеле во Украина.

Роднините на жртвите на убиствата се пожалија дека не биле информирани за нивното ослободување, но нивниот протест беше целосно игнориран.

Како што предходно објави Цивил Медиа, руските затвореници кои Путин го ослободи од издржување затворски казни за тешки кривични дела, силувања и убиства, за да се борат за озлогласената парамилитантна група Вагнер и казнените одреди Бура Z во Украина, при враќањето од фронтот дивеат по улиците на руските градови.

Реинтеграцијата во руското општество на помилуваните затвореници кои се враќаат од фронтот во Украина станува се по крвава додека бројот на руски цивили убиени од повратниците рапидно се зголемува. Голем број од помилуваните и ослободените извршиле нови злосторства по враќањето од војната. Дури 30 убиства потоа биле извршени од повратници

Подготви: Д. Мишев

Tags: помилувани руски криминалцируска агресија врз Украинаруски војнициубиец и канибал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ