• Latest

Столтенберг: НАТО мора да остане фокусиран на Западниот Балкан

November 28, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Столтенберг: НАТО мора да остане фокусиран на Западниот Балкан

November 28, 2023 12:41
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносните прашања, пред се случувањата на Блискиот Исток и Украина ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот, додавајќи дека покрај за овие прашања ќе стане збор и за глобалните предизвици на Пактот, првенствено поврзани со Кина, членството на Шведска, како и состојбите на Западниот Балкан.

– Неодамна се вратив од посета на регионот на Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Северна Македонија и се сретнав со лидерите од регионот. Тоа што го гледаме таму е дека тензиите се зголемуваат, подбуцнувачка реторика во БиХ, сериозни инциденти на насилство во Косово, вклучитено и напад врз мировниците на НАТО, при што беа ранети војници на НАТО, некои од нив сериозно, како и инцидентот во Бањска, при што беа убиени три лица, изјави Столтенберг.

Според него, ова претставуваат сериозни инциденти и НАТО мора да остане фокусиран на Западниот Балкан.

– НАТО ќе направи се што е потребно да одржи и да гарантира стабилност на регионот, бидејќи тоа не е важно само за Западниот Балкан, туку и за цела Европа и НАТО. Ние сме приутни таму, работиме со силите на ЕУ во Босна и Херцеговина и имаме присуство во Косово и во сенка на зголемените тензии испративме 1.000 дополнителни војници. Ќе продолжиме да работиме со сојузниците и партнерите во регионот за да превенираме ескалација, порача Столтенберг.

Тој го поздави продолжувањето на хуманитраната пауза во конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа ќе овозможи многу потребното олеснување на луѓето од Газа,  ослободување на уште заложници, како и дистрибуција на хуманитарна помош.

– Исто така ќе се осврнеме и на ситуацијата во Украина каде гледаме интензивирање на судирите и бура на напади со дронови врз украинските градови. Тоа ја прави уште поголема потребата за наша поддршка на Украина, нагласи Столтенберг.

Тој ги поздрави најавита за помош за Украина од страна на Германија во износ од осум милијарди евра и од Холандија од две милијарди евра, воспставувањето на центар за обука на украинските пилоти за управување со авионите Ф-16 во Романија, испраќањето на дополнителна противвоздушна одбрана и формирањето на Коалицијата за воздушна одбрана за Украина од страна на 20 членки на Алијансата.

Столтенберг нагласи дека министрите на состанокот ќе ја потврдат долгорочната поддршка на НАТО за Украина, најавувајќи дека на утрешното прво заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи ќе учествува и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

Тој нагласи дека и покрај некои предвидувања на почетокот на агресија на Русија врз Украина дека руските сили за неколку недели ќе бидат во Киев, тоа не се случи туку напротив украинските сили ослободија половина од окупираната територија на почетокот на инвиизјата.

– Наша обврска е да и го обезбедиме на Украина оружјето што и е потребно. Ќе биде трагедија за Украинците ако победи (рускиот) претседател (Владимир) Путин, но и тоа ќе претставува опасност за сите нас. Ќе им се испрати порака до авторитарните лидери, не само во Москва, туку и во Пекинг, дека со прекршување на меѓународното право, може да нападнете друга земја и со употреба на сила да го добите она што го сакате, рече Столтенберг, додавајќи дека затоа САД и сите сојузници од НАТО мора да продолжат со поддршката за Киев.

Во однос на шведското членство во НАТО, Столтенберг истакна дека се надевал оти на овој состанок Шведска ќе стане полноправна членка на НАТО, но дека тоа не се случи, но го поздрави започнувањето на процесот на ратификација на протоколот за прием на Стокхолм во турскиот Парламент и изрази надеж дека тој ќе заврши што е можно побрзо

– Ќе биде добро за сите нас, за Шведска, за НАТО, за Турција, доколку ја имаме Шведска како полноправна членка, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО нагласи дека Анкара има легитимни безбедносни грижи поврзани со тероризмот, потсетувајќи дека Курдската работничка партија (ПКК) не прогласена за терористичка организација само во Турција, туку и во други земји, па затоа сојузниците мора да работат заедно на отстранување на таа сериозна турска загриженост.

Северна Македонија на министерскиот состаанок ја претставува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ