• Latest

Пешева: Постојано треба да е вклучен алармот дека животната средина е врвен приоритет, економијата ни страда од загадувањето

November 30, 2023
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЗЕЛЕНИ

Пешева: Постојано треба да е вклучен алармот дека животната средина е врвен приоритет, економијата ни страда од загадувањето

November 30, 2023 10:36
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Последната анализа од Европскиот центар за животна средина вели дека луѓето се жртви на ПМ 2.5 честиците. Тие лесно се детектираат од каде доаѓаат и од кои извори, а ние ништо не правиме тоа да го сопреме. Постојано имаме диви депонии. Како здружение апелираме и до граѓаните кои што мора да се едуцираат, и повторно се враќаме на истото – немаме инспекција, немаме казни… Ние не можеме некои елементарни работи да ги стабилизираме и да воспоставиме некакви норми на однесување, а да не зборуваме понатаму за покомплицираните теми“, вели Ели Пешева, еко активистка и дел од О2 Иницијативата во интервјуто за ЗЕЛЕН Цивил.

Со Ели Пешева разговарвме за системските проблеми и приоритети кога станува збор за зелените прашања и теми, предизивиците, но и злоупотребите, како и за перспективите што би придонеле кон зелена иднина.

ЗЕЛЕН Цивил: Колку е реална зелената агенда во Северна Македонија?

Пешева : Таа е реална кога се става на хартија и кога се користи во политички предизборни цели или за формално подигање на јавната свест. Но, како што гледате на терен и како што покажуваат анализите, резултатите и статистиките тешко се мрднува напред во било кој правец или чекор што е потребен. Тоа што се става како приоритет многу брзо паѓа во заборав.  Со ред други државни, институционални, општински недостатоци се борат секојдневно луѓето. Таа борба за зелени агенди и реализација на активностите е многу несистемска и се случува од време на време. Се активира некаде во ноември кога започнува периодот на греење и се подигаат бројки и тогаш сите наеднаш почнуваат да зборуваат колку е загадено, што ќе правиме и кои ни се приоритетите. Тоа завршува некаде во февруари. Штом пукне првото сонце сѐ се заборава. Всушност периодот меѓу февруари и ноември е клучен за подготовка и реализација на сѐ што е планирано. Би рекла дека на хартија изгледа многу добро, а во пракса никако.

ЗЕЛЕН Цивил: Дали владата или која било институција во земјата поседува информации и систематско знаење за тоа што е потребно, во тек или планирано во рамките на зелената агенда и зелените прашања?

Пешева: Селективно е, не можам да кажам дека нема луѓе кои го разбираат проблемот. Апсолутно институциите кои се едни од носителите на зелените агенди, но има и луѓе кои што разбираат што значи овој проблем. Меѓутоа од различни причини рацете им се врзани. Најчесто имаат недостиг на средства со кои можат да се спроведат предвидените активности. Често пати имаат недостиг од едуциран кадар кој што може да работи на терен. Во одредени случаи може да се каже дека се проблем и временските рамки, бидејќи се поврзани институциите меѓу себе и во самиот систем ингеренциите се преклопуваат , така што многу тешко оди таа координација меѓу институциите. Постоеше една иницијатива за обединување на сите надлежни институции, вклучително и граѓанскиот сектор, меѓутоа не профункционира на терен. Во тоа беа вклучени сите, од министерствата, до општините, преку МВР, меѓутоа на терен просто не функционира. Секој за нешто ќе најде да се изземе, затоа што многу од законите се преклопуваат,  некои одат и во различни правци, како што до пред некое време беше и законот за прекршоци. Контрадикторни се законите едни со други, казните се изрекуваат, па потоа паѓаат на суд или висината на казните е многу мала, па на причинителите им се исплати да бидат казнети, а да остават отпад или да загадат вода и сл. Меѓутоа нема ни кој да ги санкционира, во инспекторатите недостигаат инспектори.

Она што го предлагавме како некој вид комунални редари никогаш не заживеа, па дури и да заживее ќе се јави следниот проблем, како ќе ги платиме, врз основа на кои критериуми ќе ги избереме можеби 10-15 години.

ЗЕЛЕН Цивил: Каков е односот меѓу институциите и граѓанските здруженија кога станува збор за зелените прашања?

Пешева: Кога почна О2 Иницијативата да функционира имаше малку поинаков пристап, беа со скепса, тешко се добиваа информации, сега не е така. Можеби поради кредибилитетот што го имаме како здружение, анализите кои ги правиме врз основа на документите кои ги добиваме, често пати ако не добиеме веднаш тоа е јасен сигнал дека нешто не во ред. Мислам дека ниту вработените во институциите не би сакале да го имаат тој товар на своите гради и се многу по кооперативни. Проблемот не е индивидуален, туку системски. Ние ќе ги добиеме документите, ќе видиме каде е проблемот и ќе притискаме тоа да се реши, но може да трае со месеци. Информациите се добиваат многу полесно од порано, но што правиме потоа кога ќе ги добиеме информациите и ќе ги направиме анализите, мора да се премине на следниот чекор, а тоа е  да се направи стратегија, со одредена временска рамка и да се оди чекор по чекор во решавање на прашањата, а тоа трае секогаш многу долго.

ЗЕЛЕН Цивил: Во која од областите на зелената агенда најмногу вложуваме, а каде не обрнуваме воопшто внимание?

Пешева: Ние ги следиме светските трендови и многу сме фасцинирани од обновливи извори, соларни извори на енергија. Да ние имаме 300 сончеви денови, но ако се споредиме со некоја скандинавска држава, во проценти ние ни приближно не го користиме тоа сонце како што треба. Сега се нови трендови и во хидро-енергијата. Мора да се насочуваме и да ги следиме трендовите, меѓутоа мора да ги реализираме и на терен. Но, ние не можеме да се водиме по тие трендови затоа што на базично ниво ги немаме расчистено нашите проблеми. Проблеми поради кои секогаш по 3-4 наши градови се на листата на најзагадени градови во светот. Тие базични проблеми се многу прости и сите ги знаеме. Нас ни е воздухот загаден, водите, почвата, нема сегмент во кој што ние немаме загадување. И ако сме констатирале дека ние сме една несреќна последица на комбинација од градежни активности, немање на јавен превоз, немаме јавен транспорт, имаме индустрија која што  во целост не се контролира…

Последната анализа од Европскиот центар за животна средина вели дека луѓето се жртви на ПМ 2.5 честиците. Тие лесно се детектираат од каде доаѓаат и од кои извори, а ние ништо не правиме тоа да го сопреме. Постојано имаме диви депонии. Како здружение апелираме и до граѓаните кои што мора да се едуцираат, и повторно се враќаме на истото – немаме инспекција, немаме казни… Ние не можеме некои елементарни работи да ги стабилизираме и да воспоставиме некакви норми на однесување, а да не зборуваме понатаму за покомплицираните теми.

ЗЕЛЕН Цивил: Дали, според Вас, постои политички консензус во земјата за зелената агенда?

Пешева: Формално постои. На терен повторно е дискутабилно. Погледнете ги програмите на партиите за изборите. Во сите има зелена агенда и тоа супер изгледа и звучи, меѓутоа кај нас не постои пракса на повикување на одговорност на партиите или носителите на одлуки, по некое време дека не е исполнето тоа што е ветено. Можеби вие како медиуми ќе ги повикате, ама секое чудо за три дена. Некако не се задржува во фокусот, нешто друго излегува поинтересно и сѐ се заборава. Формално да. Ние сме координатори и организатори на пратеничката зелена група во Собранието. Во нејзе членуваат околу 40 пратеници, речиси од сите политички партии кои се присутни во Собранието. Ние со таа пратеничка група се договараме кои се неопходни да се поддржат и заедно да ги буткаме преку амандмани или законски измени. Ни се случува да се договориме, да се координираме со пратениците, да најдеме разбирање, сите заедно да работиме на одредени измени и кога ќе дојде време за гласање дел од нив што се во групата или нивните пратенички групи да гласаат против.  Едноставно добиваат таква насока од нивната матична партија и не можат да се спротивстават.

Кај нас проблемот не е само институционален туку е и индивидуален. Да, ние како граѓани, ама и тие како пратеници, како носители на обврската да работат подобро за оваа држава. Ние го немаме тој индивидуален момент во кој ќе се тресне со рака и ќе се каже луѓе јас преку ова не преминувам. Сите знаеме дека треба да рециклираме. Како тоа да го направиме. Ние како индивидуалци ќе се трудиме, ама како да го постигнеме ако државата не ни обезбеди инфраструктура тоа да се реализира. Да, треба да тргнеме од себе, меѓутоа треба да притискаме државата да ни ги овозможи сите можни начини да ние тоа го практикуваме.

ЗЕЛЕН Цивил: Дали можеме да зборуваме за злоупотреби на зелени теми во политички цели кои се надвор од она што подразбира зелената агенда?

Пешева: Секогаш постои таква можност. Сѐ е тоа до матрицата која ја имаме во глава. Ако ние како граѓани им дозволиме да се извлекуваат со злоупотребата, ќе се извлечат затоа што нема да ги санкционираме. Тоа се однесува и за носителите на власт и за сите околу нив, вклучително и нивните пријатели и нивните соработници. Ако им се дозволува простор за манипулирање со агендата и јавното мислење, тогаш некако доаѓа природно, барам во овие наши простори тоа да се искористи. Ние како граѓани треба да сме постојано будни, свесни, да алармираме и да притискаме. Нашето искуство покажува дека не може некој многу долго да се спротивставува на притисоците, во еден момент ќе мора да седне и да сработи.

Сме имале граѓански протести за животна средина и да ни се приклучуваат припадници на политички партии. Потоа ќе дојдат на власт или ќе се сменат условите и ќе бидат во ситуација да бидат оние кои што ги носат одлуките или спроведуваат агендите на терен, а рацете им се врзани или немаат интерес во тој момент. Сите опции сме ги виделе и она што се покажува како решение е константна едукација на граѓаните и непрекинат притисок врз институциите.

ЗЕЛЕН Цивил: Кои се главните перспективи на клучните зелени прашања во земјата во следните 10 години?

Пешева: Кај нас сѐ е приоритет. До толку е сѐ руинирано. Бројките ни го потврдуваат тоа. Не знам како ние како граѓани не се плашиме и како тие како носители на одлуки не чувствуваат обврска дека нешто зависи од нив. Кога ќе ги погледнете тие статистики на илјадници и илјадници починати како да сме во војна, а не во мирнодопски услови. Поставување на приоритети во сите сегменти, воздух, вода, почва. Кај нас сето тоа е поврзано затоа што сме мала територија. Не сме Норвешка или Шведска и да кажеме ќе градиме рудници, ок, ама таму некаде на север каде во радиус од 200 километри нема живо пиле. Кај нас тоа е невозможно затоа што ќе има реперкусии врз сите други сфери на живеењето и квалитетот на живот.

Мислам дека приоритет е повисок буџет пред сѐ, за реализација на веќе постоечките проекти. Не е дека ние како граѓански здруженија или државата преку своите институции не ги поставила приоритетите. Ги знаеме. Но, ние уште имаме државни институции што се греат на мазут, со непознат квалитет и потекло и после се чудиме што ни се случува. До пред две години болницата Чаир кај се раѓаат деца се грееше на мазут. Државата не може своите институции, училиштата, болниците, да ги направи да бидат незагадувачи. Не можеме улиците да ги исчистиме.

За сето тоа ни се потребни повеќе пари, државните институции да ги опремиме, да пуштиме луѓе на терен и на крај да санкционираме, затоа што кај нас изгледа така се учи, преку казни. Казни за правните субјекти кои што загадуваат, но и за индивидуалците што ќе фрлат ѓубре каде ќе им текне. Системски е проблемот, но мора да се почне од горе, од државата, сериозно да сфатиме дека чиста животна средина е приоритет во оваа држава и мора тоа да го направиме.

Нас економијата ни страда од загадувањето. Ние уште викаме да приоритет ни е, но потоа не се однесуваме како да ние приоритет, туку дневно политички теми се сега поважни, и тоа константно паѓа во листата на приоритети. Треба стално да ни биде вклучен алармот дека ова е приоритет. Удавени сме во ѓубре и еден игнорантски однос. Не е тоа решение во држава во која имаме сѐ, сите можности да живееме еден швајцарски живот, а грев е тоа да не го правиме.

Биљана Јордановска

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Интервјуто е дел од проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ