• Latest

Ковачевски: Успесите на домашните компании се инвестиција во економскиот раст

December 5, 2023
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Успесите на домашните компании се инвестиција во економскиот раст

December 5, 2023 14:55
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, заедно со заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, присуствуваше и се обрати на настан „ТОП 100 компании“, организиран од Стопанската комора на северозападна Македонија.

„Согласно податоците на Стопанска комора на северозападна Македонија, најдобрите ТОП 100 компании, во 2022 година во услови на светска економско-енергетска криза го зголеми бројот на вработени споредено со 2021 година и вработуваат 9.441 наши сограѓани, имаат реализирано нето добивка од 100 милиони евра, оствариле 1,3 милијарда евра приходи и реализирале инвестиции од 64,6 милиони евра“, изјави Ковачевски.
Тој додаде дека економскиор развој е примарна цел на Владата, а со примената на стандардите на ЕУ и со почетокот на скрининг процесот следува забрзување на реформите и европско функционирање на институциите.

„Нашата економија е отворена и динамична, за тоа сведочат бројните гости кои ги имаме од стопанските комори од соседството. Поздрав до гостите од косовската стопанска комора и тоа треба да го искористиме како шанса, како средство да постигнеме успех побрзо и одржливо на долг рок.

Еден од фундаментите на овој период, е трансформацијата на нашата економија.  А тоа е европската економија на државата која ќе има доволно ресурси и капацитет за да биде дел од европската економија. За  нашиот човечки капитал да биде дома, да произведува и сервисира услуги и за нас и за извоз, но и за милионскиот европски пазар.

Ние докажавме и преку производството и преку услугите и преку новите компании кои се отвораат во новите индустрии, во ИТ индустријата, во производството на автоделови дека имаме и знаење и вештини и капацитет да го направиме сѐ она што можат да го направат и во Франција и во Италија и во Германија. Па дури и таму го прават наши луѓе, да бидеме искрени до крај.

Убеден сум дека дента кога ќе станеме дел од ЕУ, нашата држава и нашиот регион ќе бидат држава и регион со највисоки стапки на економски раст во однос на сите други сегашни земји членки на ЕУ.

Во новото време на економија базирана на иновации и знаење, најдобрите практики се исклучително важни. Вашиот успех е огромна инвестиција за растот на државата.

Искрено, ви честитам за успехот, ви посакувам уште многу успеси, и заеднички да ги споделиме новите економски победи. За подобра сегашност и подобра иднина на сите граѓани!

Владата и натаму посветено ќе работи во создавање услови за развој на приватниот сектор кој е двигател на државата. Затоа, креираме мерки и нови планови за справување со моменталните предизвици, а паралелно работиме на мерки кои на среден и долг рок ќе донесат бенефит за државата.

Сите мерки ги креираме во соработка со претставници на деловната заедница, каде активно е вклучена и Стопанската комора на северозападна Македонија и нивниот придонес во креирање на подобар деловен амбиент е несомнен.

Владата е партнер на стопанството. Постојано расте бројот на домашни компании кои продолжуваме да ги поддржуваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, придонесовме за зголемување на нивната конкурентност дома и во странство.

Досега Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции поддржани со 100 милиони евра од државата.

Предвидовме континуирана поддршка за компаниите и со новиот деветти пакет на антикризни мерки, во рамките на кој компаниите ќе бидат поддржани со над 492 милиони евра.

Средствата ќе бидат насочени кон поддршка на зајакнувањето на приватниот сектор. Воведуваме конкретни мерки за ублажување на економската криза и зачувување на конкурентноста на нашата економија, на тој начин штитејќи ги работните места на граѓаните и создавајќи услови за достоинствени плати преку поддршка на трансформација на компаниите во енергетски ефикасни, компании кои воведуваат нови технологии и кои ги обучуваат своите вработени со најновите менаџмент практики“; вели Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ