• Latest

ЦИВИЛ ги повикува „исчезнатите“ граѓани писмено да реагираат до ДИК!

December 6, 2016

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ ги повикува „исчезнатите“ граѓани писмено да реагираат до ДИК!

December 6, 2016 16:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓаните мора да бидат упорни и писмено да се обраќаат до Државната изборна комисија, односно до подрачните единици на ДИК“, изјави правната експертка на ЦИВИЛ –Центар за слобода, адвокатката Сандра Гавриловска, по повод најновите реакции во јавноста за случаите на „исчезнување“ на гласачи од Избирачкиот список, на само неколку денови до предвремените парламентарни избори.

„Граѓаните мора да достават кратко и јасно, писмено известување до ДИК, дека по извршената проверка, а по затварањето на Избирачкиот список, ги нема во списокот! Добро би било граѓаните да испраќаат и до ЦИВИЛ копии од така поднесените дописи-известувања до ДИК, со доказ дека се поднесени. Прво, заради евиденција на сите проблеми кои ги имаат со списокот, но и заради евентуално преземање на натамошни мерки во рамките на активностите на ЦИВИЛ“, смета Гавриловска.

Откако вчера стотици граѓани реагираа поради нефункционирањето на апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија, ЦИВИЛ – Центар за слобода веднаш реагираше дека Избирачкиот список не смее да стане алатка за манипулација со изборниот резултат!

Граѓан(к)и вчера реагираа дека покрај нерешената ситуација со „фантомите“, кои сѐ уште не се избришани од Избирачкиот список, сега наеднаш, и лица кои со години наназад гласале на исто избирачко место и кои и последниот пат кога ја провериле состојбата, пред затворањето на списокот, биле во него, ги нема на списокот!

ЦИВИЛ категорично побара од Државната изборна комисија веднаш да ја расчисти новонастанатата ситуација, и да осмисли методологија – како да им овозможи на онеправданите граѓани кои немаат никаква вина за хаосот во Избирачкиот список, да го остварат своето уставно загарантирано право на глас.

ДИК ја информираше јавноста дека вчера имале „одредени технички проблеми со апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија“, но дека таа е „веќе функционална и достапна“.

„Техничките проблеми немаат никакви последици ниту влијание врз Избирачкиот список, организацијата, како и врз спроведувањето на претстојното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението на ДИК.

ЦИВИЛ ги повикува граѓаните да ја искористат активната страница и да го проверат својот статус во Избирачкиот список, со внесување на матичниот број, како и локацијата и бројот на гласачкото место и Општината во која треба да гласаат, зашто со проверка на адресите и досега беа откриени најголем број од „фантомите“.

Tags: апликацијаДИКизбирачки списокизбори 2016проверкаСандра ГавриловскафантомиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ