• Latest

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови

December 16, 2023
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата и натаму ќе се намалува, но потребни се структурни реформи за да станеме поотпорни на шокови

December 16, 2023 11:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекувањата се дека инфлацијата и до година ќе се намалува со натамошно стабилизирање на цените на храната и енергијата на светските берзи, во отсуство на поголеми надворешни и домашни шокови. На среден рок, стапката на инфлација би се свела на историскиот просек од околу 2 отсто. Во следниот период треба да им се посвети внимание на структурните политики со кои би се зголемило домашното производство и би се намалила чувствителноста на домашната економија на некои идни потенцијални шокови, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Како што соопштија од кабинтетот на гувернерката, Ангеловска-Бежоска во интервју за Слободна ТВ, зборувајќи за најновите податоци за инфлација, посочила дека од четвртото тримесечје лани, кога во октомври беше достигната највисока стапка од околу 20%, се забележува постојано намалување на стапката на инфлација.

-Последните статистички податоци од октомври, па и ноември, со стапки од 3,5%, односно 3,1%, го покажуваат трендот на намалување. Нашите последни, октомвриски проекции предвидуваат дека просечната годишна стапка на инфлација за 2023 година ќе биде околу 9,5%. За следната година, се разбира под претпоставка дека нема да има некои поголеми надворешни, но и домашни шокови, очекуваме продолжување на овој тренд при што, на среден рок, би се постигнал историскиот просек за нашата економија од околу 2%, истакнува Ангеловска-Бежоска и дополнува дека очекувања на Народната банка се многу слични со оние на Европската централна банка за движењата на инфлацијата во еврозоната и ЕУ, којашто очекува постигнување на целната инфлација од 2 отсто во текот на 2025 година.

Ангеловска-Бежоска, се додава, посочила дека поставеноста на монетарната политика придонела кон намалување на инфлацијата. Како и останатите централни банки од почетокот на кризата, и нашата централна банка започнала со затегнување на монетарната политика, уште на крајот на 2021 година преку операциите на девизниот пазар.

-Започнавме поумерено, како што главно правеше централнобанкарската заедница, а потоа и со посилни затегнувања на монетарната политика со каматните стапки. Имајќи ја предвид структурата на нашата економија и нашиот финансиски систем, ние не се ограничивме само на делување преку каматните стапки, туку активно влијаевме и преку ликвидносниот канал, а ги користевме и останатите монетарни и макропрудентни инструменти, коишто ги имаме на располагање, подвлекла гувернерката.

Инфлацијата зависи од многу варијабли, затоа клучно е да се водат претпазливи макроекономски политики, за да се задржат позитивните трендови и на подолготрајна основа да ја стабилизираат инфлацијата и инфлациските очекувања, кажала Ангеловска-Бежоска.

Притоа, истакнала дека е многу важно преку структурните политики да се придонесе за зголемување на понудата и да се усогласи со побарувачката, со што ќе се намали ранливоста на домашната економија, којашто како високо отворена економија со трговска отвореност 140% од БДП, е исклучително подложна на шокови.

-Покрај тоа што сме зависни од увоз на енергија, нашата економија има ниска енергетска ефикасност, односно за производство на една единица БДП трошиме трипати повеќе енергија  во однос на ЕУ. Како дополнителни фактори коишто влијаат врз инфлацијата се посочуваат и степенот на ефективна конкуренција, односно во економиите каде што има поголема ефективна конкуренција и ценовниот притисок е помал, како и состојбите на пазарот на трудот. Доколку се дејствува кон сите нив, преку структурни политики, би се зголемила отпорноста на економијата, навела гувернерката Ангеловска – Бежоска.

Tags: Ангеловска-Бежоскаинфлација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ