• Latest

Петровска за „Економист“: 2023 е успешна година, македонската Армија минува низ процес на модернизација досега незабележан во нејзината историја

December 21, 2023
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петровска за „Економист“: 2023 е успешна година, македонската Армија минува низ процес на модернизација досега незабележан во нејзината историја

December 21, 2023 15:27
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во овогодинешното издание „Светот во 2024-та“ на реномираниот „Економист“, се осврна на повеќе развојни процеси во одбраната и во Армијата, меѓу кои како еден од најважните го истакна процесот на модернизација и опремувањето на Армијата.

„На полето на модернизацијата ги видовме плодовите на она што години наназад го правиме – првенствено преку зголемувањето на одбранбениот буџет кој оваа година е на ниво 1,85% од бруто-домашниот производ, како и преку одвојувањето на една третина од овие средства и нивно инвестирање во нова и модерна опрема“, посочи министерката.

Армијата годинава веќе се опреми со 32 JLTV современи оклопни возила, а оваа бројка ќе се зголемува во следниот период, додека потпишани се договори за набавка и на оклопни возила од типот Stryker. За потребите на Армијата се набавуваат нови системи за против-воздушна одбрана од Франција, артилериски системи од Турција, воведовме системско решение за одржување на постојните воени воздухоплови до набавката на нови хеликоптери, два транспортни хеликоптери се веќе на ремонт во Чешка и се очекува истите да бидат вратени во Северна Македонија во првата половина од 2024 година, а започнат е процесот и на набавка на дронови за потребите на државата.

Петровска во интервјуто потенцира дека оваа опрема припадниците на Армијата ја заслужуваат затоа што тие се врвни професионалци кои се секогаш и секаде подготвени да им помогнат на граѓаните.

Министерката најави дека како и годинава, и во 2024 година процентот наменет за модернизација ќе биде сличен, но дека одбранбениот буџет ќе порасне на ниво од 2% од бруто-домашниот производ.

За 2024 година, Петровска изрази очекување првенствено вработените во одбраната, како клучна алка во одбранбениот систем, да го добијат местото кое го заслужуваат, исто како што со донесените измени во Законот за служба значително беше унапреден и стандардот на припадниците Армијата.

Во контекст на геополитичката ситуација и руската агресија врз Украина, министерката го сподели своето сведоштво од посетата на оваа земја, при што истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина, согласно нивните барања и нашите можности дефинирани од страна на Генералштабот.

Петровска порача дека остануваме посветени во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учеството во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија, Романија и Латвија, додека истовремено даваме придонес и во мисијата на НАТО на КФОР и мисијата на ЕУ во БиХ, АЛТЕА, како начин за зацврстување на регионалната безбедност и стабилност, соопшти Министерството за одбрана.

Следната година во Министерството за одбрана, проектите ќе продолжат да се реализираат онака како што се планирани, одбраната ќе продолжи да функционира беспрекорно, а за секој припадник на Армијата и службеник во одбраната ќе се работи посветено и амбициозно. Во следниот мандат како министерка по изборите во 2024 успесите ќе бидат уште поголеми – заклучи министерката Петровска во интервјуто за “Економист”.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ