• Latest

Онлајн битка со големиот, лош, сајбер волк

December 14, 2016
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Онлајн битка со големиот, лош, сајбер волк

December 14, 2016 17:41
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

И дојде Денот Д, денот за којшто се подготвувавме со месеци, можеби и со години наназад, денот на изборите. Предвремени, кои како наговестување за промени ги очекувавме со полни срца, со надеж за иднината на оваа држава.Денот го започнавме изнемоштени, поради долгите месеци работа кои не доведоа дотука, со сите навреди, пцости, па и чести закани кои ги читавме по социјалните мрежи, секојдневно… Никој од моите колеги, па ни јас, никој не е поштеден од проклетството на национализмот, злото, кое за среќа, досега, сепак, не успеало да ги надвладее разумните луѓе во оваа земја.

14517592_1958194594407483_6466728194135700368_n
Пишува: Ермин Климента, систем-администратор на ЦИВИЛ

Видете вака, да се биде систем-администратор не е воопшто лесна работа, ниту тој стрес го препорачувам за било кој млад човек. Само луѓето кои се во слична ситуација, го разбираат ова во целост… Една многу важна работа која мора да ја напоменам е самотијата, таа е вистинскиот противник секому во ова, мое поле на професионален интерес. Секој има колеги, но тоа не значи тоа дека  тие и го разбираат тоа што го правите. Но, и тоа е сосема во ред.

ЦИВИЛ е мета на жестоки сајбер напади со месеци наназад. Како изгледа тоа?

DDoS напади се форма на напад врз серверска инфраструктура, вообичаено, тоа се таргетирани напади врз сервери на „непријатели“. Луѓе кои имаат само една цел, да спречат голем број од читатели да не стигнат до содржината која ја бараат и да предизвикаат неволји за администраторите.

Нападите врз сајтот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, константно се зголемуваа, се до рекордните 18GB – напад, во неделата, најголем напад досега во еден ден. Иако сме навикнати на вакви обиди да нé замолчат, сепак, имавме краток период од 10-15 секунди, кога сајтот беше недостапен за македонската јавност.

Вообичаените напади месечно трпат околу 200GB, но овој месец, од 1-ви до 10-ти декември, имавме над 186GB тотално во напади – за само 10 дена! Ова е како да замените багер кој копа една дупка, со еден тон динамит за истата дупка.

Единствено што можам дефинитивно да заклучам е дека никој намерно не би наштетил со толкава моќ на една инфраструктура како ЦИВИЛ. Ние сме му трн во двете очи некому, кој очигледно убаво плаќа по 300-500 евра дневно (!), за закуп на сервер што ги врши овие напади.

Нивните бедни обиди за криење зад маските кои ги користат (pun intended) се несомнено од руски IP адреси кои се навистина лесни за откривање, еднаш откако ќе се постават основните протоколи за безбедност на обична веб страница. Нивната упорност и секако, економскиот бенефит за нив од оваа страна (без сомнеж) ги остава во attack mode позиција константно, но и нас нé направи помудри, поитри и далеку поупорни.

Поради технички причини, не би можел да навлегувам повеќе во детали, но и заради безбедноста на сајтовите кои ги одржувам. Она што јавноста, читателите и посетителите, секако треба да го знаат е дека еден човек кој е одговорен за инфраструктурата, ја има одговорноста за онлајн постоењето на медиумот. Тој треба да овозможи непречен проток на информации, особено во критични моменти. Сé пред и потоа, се подготовки за големиот натпревар.

Единствено што никогаш нема да го дозволиме како ЦИВИЛ – Центар за слобода е да потпаднеме под влијание, под искушение за полесниот начин за ненавремено и необјективно информирање. Наша задача, и покрај сите напади на „лошиот сајбер волк“, секогаш е доставување навремени и веродостојни информации до гра

Print Friendly, PDF & Email
Tags: DDoS AttacksДДОС НападДен Дзлото на национализмотизбори 2016криминалМакедонијанапади врз сервериСајбер војнасајбер волкЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ