• Latest
Војо Маневски

На Бадник ми се разјасни: Од каде се наследува талентот за местење тендери

January 7, 2024

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На Бадник ми се разјасни: Од каде се наследува талентот за местење тендери

January 7, 2024 13:01
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Пред големите денови, преданијата велат дека се отвора небото. Божјите висини го потсетуваат човештвото дека сѐ повеќе скршнува од зададениот пат. Не ми е дадено да ги тврдам ваквите исконски верувања, ама ете и јас како ќорава кокошка понекогаш погодувам зрно. На овој Бадник, откако го поделив лепчето, му ја залегнав да видам кој и колку го послужила среќата. И нормално, виснав на ФБ. И додека вртам по долгата листа на познати и непознати лица кои се сликале со бадниковата трпеза и со паричето од лепчето ме облеа светлоста на вистината.

Да, да, мои возљубени бадникари, ми се разјаснија многу од состојбите во мојава потесна и поширока околина. Прво ми стана јасно зошто Господ Бог и не ни е благонаклонет во последниот милениум. Па многу го лажеме бе браќа и тоа дибидус. Како да ни е сосед од последната куќа во селото или градот, а не создател. Те си палиме огнови, те си тераме адети што не се дел од неговите упатствата за делници и празници, како си сакаме така си правиме. Се фалиме со богатите бадникови трпези, а последна ноќ е од постот. Па постот значи затајување на страстите, а не разгорување на цревоугодието и зависта кај верниците со постирање на слики од трпезите. Велиме дека го почитуваме, а во неговите храмови се сликаме за селфи, како да му праќаме потврда за нашата верност кон него. Ако и тој е посетител на ФБ тогаш и тој веројатно трпи преголеми влијанија од нас, неговите творби според неговиот образ. Признавам, не му е лесно кога гледа во што се изметнавме.

Гледам, вртам по ФБ и оп, наши политичари во наосот на цркви. Убаво, си велам, барем ќе сфатат дека не се семоќни. Ставам очилата и се растажувам. Па момци Македонци, не морате да кажете дека како мали не сте растеле во семејство кое не одело често во црква. Не на неделна литургија, туку само на празничните литургии да оделе вашите ценети родители ќе сте знаеле дека во црква не се крстат раце под папокот. Така се стои кога се носи капа, а во црква се стои гологлав со почит кон Божјиот дом и лицето на светците кои ве гледаат од иконостасот. Значи, се држи капата и се следи богослужбата, а молитвите се упатуваат кон Господа Бога. Кој не ми верува, нека врти по ФБ и нека забележи како стојат и како ги држат рацете оние што за празникот ги наполнија храмовите. Колку е пристојно и богоугодно тоа, самите проценете, додека бог не пресуди.

Ај малку да ги оставиме политичарите и да објаснам како отвореното небо ми ги разјасни нашите собитија. Кршиме лепче на Бадник и во тој ритуал се отсликува нашиот морал. Да, да, бадникољупци мои. Најдов ендемска врска меѓу кршењето на лепчето и паѓањето на паричката со талентот за местење на тендери. Ај размислете малку или вртете на ФБ следниве два дена. Како тоа паричката најчесто се паднала кај најмалите и најмилите? Е-е-е, тоа е талент, мои сонародници. Ако домаќинката го меси лепчето, самата точно знае во кој дел ја ставила паричката. Со виличка стави мал знак каде е среќната паричка. Добро има овде и две три фиктивни понуди додека се направи дил со најстариот член на семејството. Тркалезно е лепчето, а тоа не е случајно и е од е-е-е многу одамна. Абе и тоа е идентитет на мојов народ. Кога сѐ се договори како меѓу партиите во нашето собрание се става на дневен ред т.е. на трпезата бадникова. Домаќинот го крши лепчето поодстрана, таму каде е сигурен дека паричката нема шанса да се наоѓа. Па на Господ, па на куќата, а со прстите се приближува кон местото кое кобајаги не го знае. Тоа што избегнува на Господ да му го додели паричето, не го смета за грев зошто Господ е голем, а и тој рекол дека децата се вистинската невиност пред него. Се врти лепчето и оп, парчето со паричката му се „паѓа“ на она дете на кое му е наменета желбата за среќа и задоволство. Задолжително алиби е… не, немаше намештаљки, така Господ сакал и така се падна паричката.

И ете од каде се наследува талентот за местење тендери, заобиколување на правилата и слични наши идентитетски карактеристики.

Има и исклучок, кога се објави на ФБ дека најстариот во семејството, имал среќа со паричката. Тогаш нему му се посакува среќа и бериќет. Сомнително и е тоа, искрено да ви кажам. На најстариот му посакуваш среќа, а единствена твоја среќа е што тој ти е татко. Моиве сограѓани Турци велат – од сој паша бива. Ете, немам што да додадам освен да го потврдам денешното отворање на небото барем во мојата глава. За другото, не знам, зашто патиштата господови се незнајни. Паричката ретко кај мене се паѓа и затоа ми останува да им честитам на сите што го слават. Христос се роди!


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Tags: БадникБожиќрелигијатрадиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ