ВЕСТ НА ДЕНОТ
Во Шуто Оризари ќе се отвори Ресурсен центар за повратници и лица во ризик
Денеска сме за убав повод овде, во Општина Шуто Оризари, каде отпочнува со реализација проектот за изградба на Ресурсен центар за нашите сограѓани, прв од ваков вид во земјава. Ресурсниот Центар е предвидено да биде мост меѓу жителите на оваа општина и државните институции, наменет пред сѐ за повратниците, како и за сите жители на Општината Шуто Оризари кои ќе можат полесно и побрзо да дојдат до бараната услуга во соодветната институција, рече премиерот Димитар Ковачевски, денеска на настанот по повод потпишување на договор за реализација на проект за изградба на Ресурсен Центар за повратници и лица во ризик во Општина Шуто Оризари.
Преку Ресурсниот центар граѓаните ќе имаат непречен пристап до повеќе административни услуги меѓу кои здравствените и социјалните услуги, вработување, предучилишно и училишно образование и пристап до правна помош.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Согласно сегашното решение, Законот за рестриктивни мерки ги регулира прашањата на воведување, изменување и престанување на важењето на рестриктивните мерки, како и механизмите на координација и надзор на примената на истите, како основи за воведување рестриктивни мерки во сегашното решение се – задолжителни обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации, правни акти на ЕУ, други меѓународни организации во кој членува земјата и на барање на надлежни органи на други држави за прашања на тероризмот и пролиферација на оружкјето, истакна Османи во изјава за медиуми по брифингот со новинарите.
Тоа што го предлагаме со овие измени на Законот на оваа јавна дебата, е да се додадат како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на државата и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, што значи покрај Совет за безбедност, Европска Унија, сега и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување рестриктивни мерки“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
МНР Неистакнувањето на македонското знаме на „Австралија Опен“ се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка. МНР добило уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања.
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештај објавен во вторник во Давос.
СВЕТ Нападите на Хутите негативно влијаат врз глобалната економија, се зголемуваат стравувањата за проширување на војната на Блискиот Исток.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руската пропаганда со лажно ТикТок видео во обид да го дискредитира Олексеј Данилов, секретарот на Советот за национална безбедност на Украина
*
На Украина и треба „предвидливо финансирање во текот на 2024 година и пошироко, истакна Фон дер Лајен.
*
Швајцарија се согласи да биде домаќин на мировен самит за Украина
АЛ-ПРЕС
Доцна синоќа во Северна Митровица од автомобил е фрлена рачна бомба од која две лица се повредени, извести косовската полиција.
Албанскиот министер за надворешни работи, Игли Хасани посочи дека на Албанија и се изнесени некои факти поврзани со овие истраги од меѓународни партнери, кои, како што наведе, чекаат да бидат објавени.
Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.
(ИЗБОР) ЦИВИЛ интервјуа 2023
И во 2023-та Цивил беше отворен за личности од политиката, економијата, културата, академската заедница како и за лепеза теми од политиката, економијата, екологијата, културата, мултикултурата. Во овој мал видео серијал од соговорниците извлековме сегменти со нивните поенти од интервјуата во кои зборуваат за ЕУ интеграции и европските вредности и за мноштво други теми од сите области во општеството и државата.
САТИРА
„Воздухопловот специјализиран за команда, контрола и надзор, А-50 АВАКС на руските воздухопловни сили успешно го лоцирааше крстосувачот Москва на дното на морето.
Целата операција се одвиваше во голема тајност, бидејќи на истата и предходеше револуционерна пренамена на воениот авион, кој руската воена индустрија, под притисок на ракетните напади на украинските воени сили, го пренамени во подморница, и сега може мирно да истражува и лоцира руски воени бродови залутани на дното на морето“, се вели во сатирата насловена „Рускиот шпионски авион А-50 трансформиран во подморница, го лоцираше крстосувачот Москва на дното на морето“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Политички мотивираните постапки и притисоци врз луѓето се интензивираат. Во неколку општини во Скопје, каде што на власт се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето означени како „политички неподобни“ се деградираат и се разместуваат на оддалечени места. Се води вистинска хајка против сите за кои локалните вмровски властодршци се сомневаат дека не мислат исто како нив. Освен уназадувања и распоредување на апсурдни работни места, тие се мета и на навреди и закани.
И додека централната власт веќе со години се расфрла со позиции и унапредувања на потврдени протагонисти на авторитарниот режим кој падна во 2017 година, и прават разни други компромиси со своите политички ривали, партиските војници и началници на ВМРО-ДПМНЕ (и партиите слични на нив) веќе со месеци не ги оставаат луѓето на мира“, пишува Џабир Дерала во колумната „ПОЛИТИЧКИ НЕПОДОБНИ: Под огнот на милитантната десничарска политика и пропаганда“.
Д. Муратов












