• Latest
Carabinieri KFOR-MSU patrols in front of Ibar Bridge, in Mitrovica (Kosovo).

Албански медиуми: Две лица повредени од граната на северот на Косово; се очекува објава на нови детали за нападот во Бањска; албанската опозиција продолжува со истото сценарио на блокади на собранието

January 16, 2024

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Две лица повредени од граната на северот на Косово; се очекува објава на нови детали за нападот во Бањска; албанската опозиција продолжува со истото сценарио на блокади на собранието

January 16, 2024 11:58
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Carabinieri KFOR-MSU patrols in front of Ibar Bridge, in Mitrovica (Kosovo).

Carabinieri KFOR-MSU patrols in front of Ibar Bridge, in Mitrovica (Kosovo).

Share on FacebookShare on Twitter

Доцна синоќа во Северна Митровица од автомобил е фрлена рачна бомба од која две лица се повредени, извести косовската полиција.

Албанскиот министер за надворешни работи, Игли Хасани посочи дека на Албанија и се изнесени некои факти поврзани со овие истраги од меѓународни партнери, кои, како што наведе, чекаат да бидат објавени.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Визион Плус: Експлодира граната на северот на Косово, две лица се повредени

Две лица се повредени од експлозија на рачна бомба во понеделникот во доцните часови во Северна Митровица.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 15 јануари во 23 часот и 50 минути, кога три лица од српска националност, од кои двајца се повредени, излегле од кафеана во Бишевац во Северна Митровица и кога си заминале, автомобил им пришол и ги фрлил врз нив рачна бомба, пренесе Визион Плус.

Газета Експрес: Рускиот амбасадор со напад кон Косово, вели дека Русија ќе го поддржи само она на што ќе се согласи Белград

Русија продолжува да стои до Србија, додека Србија, и покрај барањата на ЕУ, не воведува санкции за државата предводена од Владимир Путин.

Така, амбасадорот на оваа земја во Србија, Александар Бочан-Харченко, продолжува да ја брани Србија мешајќи се во работите на Косово.

Според него, ситуацијата може да се спореди со Украина, а кога станува збор за Косово, секогаш постоел антисрпски концепт, исто како и во однос на Украина – антируски.

Коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Србите не се народ кој Западот може да го потисне и потчини, рускиот амбасадор рече дека главната причина за нападот врз Србите е обидот да се уништи независната политика.

„Станува збор за православието, за православните вредности кои Западот ги уништува“, рече Боцан-Карченко, пренесе Газета Експрес.

Телеграфи: Меѓународни истраги за нападот во Бањска, албанскиот главен дипломат: Изнесени ни се факти кои очекуваме да бидат јавно објавени

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, при посетата на Косово изјави дека будно ги следат меѓународните истраги што се водат во врска со нападот што се случи на 24 септември во Бањска во Звечан.

На прес-конференција заедно со неговиот косовски колега, Хасани рече дека на Албанија и се изнесени некои факти поврзани со овие истраги од меѓународни партнери, кои, како што наведе, чекаат да бидат објавени, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Пратениците од опозицијата го спроведуваат истото сценарио, ја блокираат работата на комисијата, состаноци се одржуваат онлајн

По затворањето на состанокот на пратеничката група на ДП, пратениците од опозицијата решија да продолжат со минатогодишното сценарио, односно,  блокирање на работата во комисиите.

се работи за 3 собраниски комисии – Комисија за закони, Комисија за надворешни работи, Комисија за производна дејност. Поради создадената состојба и предупредувањата, трите комисии се одржуваат онлајн, пренесе Балкан Веб.

ДосјаАл: Судија од Валона нелегално градел објекти и ги давал под кирија

Судијата од Валона Хектор Синанај има многу проблеми околу пријавувањето на имотот на ИЛДКЛПИ. Синанај има законска обврска да го пријави имотот од 2000 година, кога почна да работи како судија.

За време на својата адвокатска работа во Валона во периодот 1992-2000 година, Хектор Синанај пријавил 170 милиони стари леки, но Синанај како адвокат не се појавува како регистриран субјект.

Синанај е сопственик и на 3-катница пред судот во Валона, објект изграден без дозвола и со сомнително земјиште. Во оваа зграда судијата изнајмува канцеларии за адвокати и психолози, кои ги „снабдува“ со работа од судот, се наведува во сторијата објавена во ДосјаАл.

КОЛУМНА

Коха: Надуени предвидувања

„Повеќе од четврт век по војната во Косово, овде повторно се зборува и дебатира за можноста за војна, и тоа главно од луѓе кои не се на јавни функции, но анализираат или дури и претпоставуваат дека тоа ќе биде така.

Ваквите дебати не ми се чини дека носат нов квалитет на знаење или дури мисли.“, пишува авторката Флака Сурои во колумната Надуени предвидувања,  објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ