• Latest

Судскиот совет ја запре постапката за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд

January 17, 2024
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
Али Ахмети, Кичево, 23 јули 2026 (фото извор: веб страница на ДУИ)

ДУИ обвинува: ВЛЕН стана инструмент на ВМРО-ДПМНЕ и овозможува ширење на „српскиот свет“ во земјава

August 3, 2026
Businessman showing concept, connection,innovation development and artifacts too artificial intelligence ,AI , ideas and innovation ,Finding new solutions to solve business problems ,modern business

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК)

August 3, 2026
Запорижжја, 2-3 август 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ: Разорни бомби во Запорижжја, масовен украински одговор на руска територија и нови провокации кон НАТО

August 3, 2026

Европска комисија: Побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ист циркус, нови шатори

August 3, 2026

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 2, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Балон

August 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судскиот совет ја запре постапката за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд

January 17, 2024 14:34
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со седум гласа „за“ Судскиот совет на денешната седница ја запре постапката за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Мислењата на членовите на Судски совет во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на врховен суд, Беса Адеми, за нејзиното отсуство од седниците на Советот без соодветни докази и непојавување на средбата со поранешниот претседател Сашко Георгиев, на расправата беа поделени.

Дел од членовите посочија дека постапката треба да се запре и да се земат предвид сите околности помеѓу кои намерата на претседателката и нејзините обврски како претседател на Врховен суд. Додека, други порачаа таа да биде опомената поради нејзиното несоодветно постапување.

Членот Антоанета Димовска рече дека смета дека во случајот нема повреда на овластувањата и е неопходна соработка помеѓу овие тела.

– Ние не сме непријатели на судиите, секој од нас по закон и устав има строго определено место, ајде да се почитуваме, и да ја работиме работата така како што треба, рече таа, нагласувајќи дека ќе гласа за запирање на постапката.

Судијата Ивица Николовски, член на Судски совет, исто така, смета дека во постапката не се утврдило пречекорување на одредбите на кои се заснова барањето за одговорност.

– Не постојат силни аргументи и докази дека претседателката на Врховниот суд ги сторила повредите кои ѝ се ставаат на товар и дека нејзиното недоаѓање е поради ситуацијата која настана во Судскиот совет, рече тој, давајќи предлог постапката да се заврши на позитивен начин.

Членот Селим Адеми истакна дека секое барање за утврдување на одговорност не значи и разрешување.

Додека, за членот Тања Чачарова Илиевска, работата на Судскиот совет, како што кажа „е малку посериозна од недоаѓање на седници и нејавување на телефон на претседателот на Советот, затоа што ги надминала притисоците“.

– Мојот став е дека се сторени сериозно повреди, во конкретниов случај се и опишани доволно јасно и дека постапувајќи во случајов спротивно на Законот за Судски совет е направена повреда од страна на претседателот на Врховен суд, односно ги пречекорила и повредила законските овластувања, рече таа, дополнувајќи дека нема да гласа за запирање на постапката.

Членот Мери Радевска се наврати на барањето за кое посочи дека има конкретни наводи и докази, кои, според неа, не претставуваат повреда. Таа повика на усогласување на стандардите и кажа дека правната одлука, како што рече, е запирање на постапката.

Членот Павлина Црвенковска се согласи со одговорот на одбраната на претседателката на Адеми, дека не постои сериозен основ на одговорност и дека ослободувањето од одговорност нема да значи само зачувување на угледот и авторитетот на претседателката, туку, во исто време, ова ќе влијае позитивно и за авторитетот на Судскиот совет.

Членот Сашко Георгиев апелираше да се најде решение за улогата и учеството на членовите по функција во иднина во Судскиот совет и изрази задоволство што со овие случувања, како што рече, „работите се движат напред“, но, дополни дека Законот и Уставот остануваат да важат.

Лорета Георгиевска посочи дека одговорноста за поведувањето на иницијативата треба да ја понесат сите членови и, како што рече, со појавувањето на претседателката на Врховен суд на една од седниците веднаш по иницијативата, се утврдило дека можело и поинаку. Таа потенцираше дека, како што рече „во многу наврати имаше селективна правда во адреса и во полза на овој претседател на суд во споредба со други претседатели“.

Според претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева, причините за недоаѓање на Адеми се оправдани, затоа што, како што рече, тие тоа го оправдале.

– Причините се оправдани затоа што ние тоа сме го оправдале. Нема нотирано на записници дека не е оправдано, немаме барано навремено докази, рече таа.

Таа рече дека смета дека изјавата за притисоци што Адеми ја даде во новинарско интервју е само начин да се заштити себе си и посочи дека ќе гласа за запирање на постапката.

Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472 седница одржана на 11 јануари. Ова следуваше по јавната седница што се одржа на крајот од декември лани, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на Адеми.

По однос на расправата за двете точки од иницијативата, за непојавувањето на седници на Судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервјуто во кое зборува за политички притисоци, беше посочено дека со неприсуството на седниците на Судскиот совет таа покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамки на правосудниот систем. Според Адеми, пак, сите случувања во Судскиот совет биле демотивирачки од професионален аспект.

На расправата, Мустафа побара одлука со која ќе се утврди нејзина одговорност и разрешување. Од друга страна, одбраната на претседателката на Врховниот суд ги оцени наводите како неосновани и побара одлука со која постапката ќе запре.

Судскиот совет на Република Северна Македонија е самостоен и независен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена, од кои по функција негови членови се претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и министерот за правда.

Според Законот за Судски совет, членовите на Советот по функција учествуваат во работата на Советот без право на глас, но не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.

Седницата треба да продолжи со расправа за формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Tags: Беса Адемиврховен судСудски совет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ