• Latest

(ОСЛОБОДИ ГО УМОТ) Лажните наративи во македонскиот јавен дискурс; нема место за вистината во „рускиот свет“

January 23, 2024

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(ОСЛОБОДИ ГО УМОТ) Лажните наративи во македонскиот јавен дискурс; нема место за вистината во „рускиот свет“

January 23, 2024 14:23
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во серијалот на ЦИВИЛ насловен „Ослободи го умот“, анилитичарот и новинар Љубомир Костовски и Петрит Сарачини, новинар и медиумски истражувач, зборуваат за главните порпагандни наративи во македонскиот јавен дискурс, дезинформациите и руската пропаганда.

 

Панел-дискусијата ја модерира Дехран Муратов.

Љубомир Костовски на почеток, истакна дека клучното прашање, во контекст на актуелните теми, е што вие му нудите на гласачот на овие избори, што мислите за евроатланската концепција за нашата надворешна политика и што значи тоа кога ќе бидам избран, ќе кажам, реферирајќи на наративите на опозицијата.

„Изјавата на американскиот дипломат О’Брајан го прикажа начинот на кој меѓународната заедница му упати порака на главниот опозициски фактор во земјата, ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да биде поконзизтентен во однос на политиките зад кои барем декларативно стои таа партија 30 години од осамостојувањето“, вели Патрит Сарачини, одговарајќи на прашањето дали тој би купил кола од Мицкоски, што реферира на изјавата на О’Брајан дека од Мицкоски не би купил ниту автомобил.

Сарачини заклучува дека она што му треба на ВМРО-ДПМНЕ е ново возило, нова политика, што ќе ја врати како партија на основните вредности на кои се базира било која модерна демохристијанска партија во Европа, за каква што се декларираат.

„Ние сме жртва на тој руски свет, Путин во последниот говор во Кремљ, ние лесно би се нашле во тој свет, во зависност до каде мисли дека тој свет се простира. Историјата не потврдува дека сме имале многу директни релации со Русија, главно оделе преку Бугарија. Но, тоа влијае на нашиот живот, на начинот на кој луѓето размислуваат, црно-бело. Црниот свет е западот, нашата иднина е приклонување кон источниот свет, односно она што значи руски свет. Тоа кај нас се доживува како нешто толку силно, толку светло, просперитетно, како тоа е нашиот План Б. Тој не постои. Западот го има најмалку 5 пати спасувано од глад, во невидени размери и милиони жртви од глад“, вели Костовски зборувајќи за една од главните поенти во својата анализа „Русите мислат дека светот постојано нешто им должи, па треба и да ги спасува од глад, откако ќе се исцрпат во своите војни“, посветена на рускиот молк за американската хуманитарна помош во изминатите 120 години.

„Таа руска и проруска пропаганда и дезинформации успеваат да продрат длабоко во нашето општество и тоа преку меидумите и преку некои политички актери кои што се анти-западно настроени“, вели Сарачини, додавајќи дека Македонија е дел од Европа и од тој западен свет и треба да знаеме каде е нашата позиција за просперитетно општество и подобар живот на граѓание. Тоа, вели Сарачини, е демократијата, а не диктатурата и автократијата.

„Голема грешка е што тој руски наратив е влечен со години низ Македонија“, вели Костовски.

„Сите во општестовото треба да направиме повеќе за да дезинформациите дане бидат толку доминантни и влијателни во медиумскиот простор, а со тоа и кај граѓаните. Тука не гледам, кај медиумите, дека се борат со дезинформациите. Борбата против дезинформациите е борба за опстанок на медиумите. Дезинфомрациите е ризик за безбендноста на државата, бидејќи ја поткопуваат довербата во институциите и создаваат кофликти во општеството. Но, ние не гледаме поконкретни чекори кај институцииите за справвање со дезинформациите“, вели Сарачини.

Б. Ј.

камера и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ