• Latest
Фото: Амбасада на САД

О’Брајан со јасна порака до Мицкоски: Не би гласал за некој што вели имам подобра понуда, но не кажувам каква – само се обидува да ве измами

December 1, 2023

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

О’Брајан со јасна порака до Мицкоски: Не би гласал за некој што вели имам подобра понуда, но не кажувам каква – само се обидува да ве измами

Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа, посочи О’Брајан.

December 1, 2023 10:29
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Амбасада на САД

Фото: Амбасада на САД

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на САД во земјава, преку својот Фејсбук профил издаде соопштение во врска со средбата на американскиот помошник државен секретар Џемјс Обрајен со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кое се нагласува дека на средбата се разговарало за односите и актуелните прашања помеѓу двете држави, и на која О’Брајан ја истакнал силната поддршка на Соединетите држави за патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ и важната улога што треба да ја имаат сите политички партии во земјата во поддршка на овој процес.

Додека во соопштение за средбата кое го издаде ВМРО-ДПМНЕ се вели дека, меѓу другото“, Мицкоски истакнал дека освен членството во Европската Унија, стратешки интерес на државата е и заштита на идентитетот, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, од друга страна во интервју за „360 степени“ изјави дека е важно Северна Македонија да изнајде начини за да се движи напред и дека единственото решение е да се реши прашањето за уставните измени.

„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за „360 степени“.

Тој додаде дека граѓаните кои гласаат го прават конечниот избор, но според него луѓето не би требало да гласаат за тие кои нудат алтернатива, без да кажат што е алтернативата.

Прашан за ставот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржат уставни измени под бугарски диктат и дали има шанси за интервенции во Преговарачката рамка, О‘ Брајан истакна дека нема да има подобра понуда.

„Се движите кон изборен период. Знаеме дека се е тешко во таков период. Нема да коментирам дали работите ќе се случат сега или подоцна, но јасно е дека има понуда на маса. Некој може да каже дека ќе дојде со подобра понуда. Но, ако не ви каже за што точно станува збор и не ви каже зошто другите би ја прифатиле, само се обидува да ве измами. И се надевам дека гласачите се попаметни од тоа, посочи О’Брајан.

Помошникот-државник секретар на САД исто така порача дека ако не се прифати понудата која што е на маса, земјава ќе сврти грб на историјата, и иако изгледа задоволувачки во моментот таа одлука ќе биде на штета на економијата, повеќе граѓани ќе се иселуваат и ќе ја уназади земјата.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ