• Latest

24 ЧАСА: Ковачевски ја предаде премиерската функција на Џафери; реалициите на Македонија со Русија оделе преку Бугарија, вели Костовски; демант на МОН за партиципацијата за студирање

January 29, 2024
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Ковачевски ја предаде премиерската функција на Џафери; реалициите на Македонија со Русија оделе преку Бугарија, вели Костовски; демант на МОН за партиципацијата за студирање

January 29, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Досегашниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја предаде премиерската функција, на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери.

„Искуството ни покажа дека обединети можеме да го изодиме вистинскиот пат и да се постигнат сите цели, базирани на вредности и принципи. Денес е друго време, денес не е време на поделби, денес е време на заедништво. Проевропската владина коалиција на која се темели и новата Влада, покажа и докажа дека има и политичка волја и човечки капацитети да одговори на сите предизвици и одговорности“, изјави Ковачевски на заедничката прес-конференција со Џафери.

„Несомнено дека примарната задача на оваа Влада е подготовката и организирањето на слободни и фер демократски избори во директна отворена и законита процедура и соработка со Собранието на избоприте. Затоа Владата ќе ги спроведе сите законски предуслови со Мисијата на ОБСЕ, ОДИХР, со ДИК, ЕУ и САД ќе ги споведе сите горенаведени оперативни предуслови со цел да се овозможат највисоките европски стандарди во изборната кампања и самите избори со цел да се одржат избори со целосен легитимитет на изборната волја на граѓаните“, изјави Џафери.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Историјата не потврдува дека сме имале многу директни релации со Русија, главно оделе преку Бугарија. Но, тоа влијае на нашиот живот, на начинот на кој луѓето размислуваат, црно-бело. Црниот свет е западот, нашата иднина е приклонување кон источниот свет, односно она што значи руски свет. Тоа кај нас се доживува како нешто толку силно, толку светло, просперитетно, како тоа е нашиот „План Б“. Тој не постои. Западот го има најмалку 5 пати спасувано од глад, во невидени размери и милиони жртви од глад“, вели Љубомир Костовски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Европската унија ќе ја саботира унгарската економија доколку Будимпешта ја блокира новата помош за Украина на самитот оваа недела, објави во неделата Фајненшл тајмс според доверливиот план изготвен од Брисел.

*

Официјални лица и гласноговорници на Кремљ продолжуваат да поставуваат услови за дестабилизација на Молдавија, најверојатно како дел од напорите да ја попречи нејзината интеграција во ЕУ, меѓу другите цели.

*

Kонфузијата предизвикана пред се од недостатокот на цврсти докази од руската страна, како и од лавината обвинувања и контраобвинувања од двете страни околу уривањето на рускиот воен авион Ил – 76 во рускиот регион Белгород во близина на украинската граница и наводното загинување на десетици украински воени заробеници, продолжува да ја бранува јавноста и неколку дена по настанот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДЕМАНТ Министерството за образование и наука ги демантира информациите дека на иницијатива на Министерството за Владата ќе се зголеми двојно партиципацијата за студирање на државните високоообразовни установи на сите три циклуси на студии.

СУД Судијката Даниела Димовска поради приватни причини денеска побара да биде изземена од Судечкиот совет во предметот „Титаник“. Претходно, таа побара изземање и од предметот „Талир“.

ДЕВИЗНА ЛИКВИДНОСТ Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која ја продолжила можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година.

АЛ -ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Многу оружје во рацете на косовските граѓани; САД бараат да се одложи примената на исклучување на српскиот динар во Косово; Белери останува во затвор

КОНФЛИКТИ

Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), која се смета за спас за два милиони луѓе во опколената енклава, претрпе кратење на финансирањето откако неколку нејзини вработени беа обвинети од Израел за вмешаност во нападот на Хамас на 7 октомври.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Сѐ посилни и поаздисани во нашата јавност се евроскептичните гласови, сега толку отворени, што измислуваат и конференциски платформи на кои сакаат да нѐ инфицираат со нивните контаминирачки фантазии. Но, во услови на фактички идејно најподдржуваната политичка платформа: МКД во ЕУ, џабе им е претставата“, пишува Ана Чупеска во колумната „Погрешна фрула“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: демант на МОНпреодна владаруско влијание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ