• Latest

Северна Македонија напредуваше девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

January 30, 2024
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Северна Македонија напредуваше девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

January 30, 2024 09:58
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија напредна за два индексни поени и девет позиции на најновата листа на Транспаренси интернешнл, која што го оценува напредокот на земјата во борбата против корупцијата. Според Индексот на перцепција на корупција за 2023 година, Северна Македонија се наоѓа на 76 место со 42 индексни поени, споредно со 2022 година кога беше на 85 место со 40 индексни поени.

Од земјите во регионот најдобра, иако без промени во однос на минатата година е Хрватска со 50 индексни поени и се наоѓа на 57 позиција. Најлошо рангирана, иако со напредок од еден индексен поен е Босна и Херцеговина, која се наоѓа на 108 позиција. Грција има пад од три места и се наоѓа на 59 место со 49 индексни поени. Црна Гора со напредок од 1 поен е на 63 место со 46 индексни поени. Албанија има напреднато за една позиција и се наоѓа на 67 место со 45 индексни поени. Бугарија има напреднато за две места и се наоѓа на 98 место со 37 индексни поени. Косово, без поместување со 41 поен е на 83 место, додека Србија нема поместување и се наоѓа на 104 место со 36 индексни поени.

Од вкупно 180 земји, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава се наоѓа во друштво на Бахреин, Кина, Куба, Унгарија, Молдавија и Тринидад и Тобаго.

Најголем скор и годинава има Данска со 90 индексни поени, по што следи Финска со 87 и Нов Зеланд со 85. Најлошо рангирана е Сомалија со 11 индексни поени, по што следат Венецуела, Сирија и Јужен Судан со по 13 индексни поени.

Од вкупно 180 земји, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, Северна Македонија се наоѓа во друштво на Бахреин, Кина, Куба, Унгарија, Молдавија и Тринидад и Тобаго.

Во Извештајот се нотира дека во септември 2023 година, Собранието на Северна Македонија значително го поткопало судството. Во нетранспарентна и брза постапка пратениците го измениле Кривичниот законик намалувајќи ги затворските казни и рокот на застарување на делата за злоупотреба на службената положба. Ова, се вели во Извештајот, ќе предизвика околу 200 сомнителни случаи на корупција да бидат отфрлени, од кои многу вклучуваат поранешни високи функционери.

Индексот на перцепција на корупција за 2023 година, генерално, покажува дека корупцијата напредува низ целиот свет.

Над две третини од земјите имаат резултат под 50 од 100, што силно укажува дека имаат сериозни проблеми со корупцијата. Глобалниот просек е заглавен на само 43, додека огромното мнозинство земји не постигнале напредок или опаѓале во последната деценија. Уште повеќе, оваа година 23 земји паднаа на најниските резултати досега.

Северна Македонија се наоѓа во регионот на Источна Европа и Централна Азија со 19 земји, чиј просечен скор е 35 индексни поени. Најдобро рангирани се Црна Гора – 46 индексни поени, Ерменија – 47 и Грузија – 53. Најлошо рангирани се Туркменистан – 18 индексни поени и Азербејџан со 23 индексни поени.

Индексот дава вознемирувачка слика за регионот на Источна Европа и Централна Азија, област која, како што се вели во Извештајот за 2023 година, се бори со нефункционално владеење на правото, пораст на авторитаризам и системски корупцијата. Просечниот резултат од 35 поени од 100 го прави втор регион со најниски резултати во светот.

Tags: антикорупцијаКорупцијаТранспаренси интернешнл - Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ