• Latest

Албански медиуми: Мнозинството во Албанија сметаат дека корупцијата е сериозен проблем; според Курти, потребен е транзициски период за повлекувањето на српскиот динар во Косово

February 7, 2024
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Мнозинството во Албанија сметаат дека корупцијата е сериозен проблем; според Курти, потребен е транзициски период за повлекувањето на српскиот динар во Косово

February 7, 2024 11:18
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 86 отсто од испитаниците на анкетата на ИРИ сметаат дека корупцијата во Албанија е сериозен проблем. Додека 69 отсто од нив тврдат дека веруваат дека СПАК може да ја заврши својата работа без политички влијанија, пренесуваат албанските медиуми.

По одлуката на Централната банка на Косово за повлекување од оптек на српскиот динар во Косово, се отворија прашања околу начинот на исплата на косовските Срби, реагираше меѓународната заедница, а косовскиот премиер Албин Курти најави дека сепак е потребен транзициски период , пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

ВОА – Анкета на ИРИ: Огромното мнозинство во Албанија ја гледаат корупцијата како сериозен проблем, имаат доверба во СПАК

Меѓународниот републикански институт  објави национално истражување за Албанија, каде граѓаните изразуваат голема доверба во СПАК, Специјалната структура против корупција и организиран криминал. Околу 1.800 граѓани на возраст над 18 години беа прашани за анкетата што ја спроведе студискиот центар ИДРА на целата територија.

Речиси 86 отсто од испитаниците сметаат дека корупцијата во Албанија е сериозен проблем. Додека 69 отсто од нив тврдат дека веруваат дека СПАК може да ја заврши својата работа без политички влијанија, пренесе Глас на Америка на албански јазик.

Опинион: Арбен Ахметај од бегството во Швајцарија платил 150 илјади долари за да лобира во САД

Регистарот на странски агенти во американското Министерство за правда покажува дека поранешниот вицепремиер, баран за корупција и перење пари, се наоѓа во Лугано, Швајцарија и дека ангажирал лобист со договор од 150.000 долари за борба против „лажни“ обвиненија во САД за корупција во Албанија, пренесе Опинион.

КОСОВО

Клан – Курти: Потребен е преоден рок за прашањето на српскиот динар

„Косовскиот премиер Албин Курти во вторникот изјави дека е неопходен преоден период за да се разјаснат и да се избегнат нејаснотии околу регулативата на Централната банка со која се забранува употребата на српскиот динар на Косово, поради загриженоста на западните дипломати за последиците од оваа одлука.“, пренесе Клан.

Зери: Ховениер раскажува дали ќе биде блокирана продажбата на Џавелин доколку Владата не ги послуша САД

„Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, не одговори јасно со потврден или негативен одговор на прашањето дали непослушноста на Косово кон САД за прашањето за спроведување на регулативата ќе има влијание врз процесот на набавка на американски ракетни системи „Javelin“ на ЦБК која има за цел да ја елиминира употребата на српскиот динар во земјата.“, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Коха: Европска капа за „динарската криза“

„Дали пензијата на косовските Срби зависи од брзината на блиндираниот автомобил кој физички ги носи парите во населените места на Косово или од брзината на електронскиот трансфер во банкарскиот систем, тоа е сега прашањето?“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Европска капа за „динарската криза“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ