• Latest

Општина Охрид: Хотелот во Лагадин не е закана за екосистемот на Охридското Езеро

January 10, 2017

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Општина Охрид: Хотелот во Лагадин не е закана за екосистемот на Охридското Езеро

January 10, 2017 20:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Охрид тврди дека изградбата на хотелот во заштитната крајбрежна зона во селото Лагадин е согласно законската регулатива и дека не претставува никаква закана за екосистемот на Охридското Езеро. Од кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески ги демантираат сите наводи на граѓанските активисти од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“.

Локалните власти истакнуваат дека Секторот за урбанизам има издадено соодветно одобрение за градба, врз основа на релевантна документација, согласно позитивната законска регулатива.

„Според Законот за води може да се градат или реконструираат објекти во крајбрежен појас од 50 метри, по претходно добиена водостопанска согласност, што во конкретниот случај е обезбедено. Согласно Законот за градење, постапката за издавање Одобрение за градење не предвидува добивање мислење од Националната канцеларија на УНЕСКО, a при изработката на општиот акт за село Лагадин, беше испратено известување до Националната комисија за УНЕСКО во Република Македонија, во декември 2015 година“, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот Бакрачески испратено до ЦИВИЛ – Центар за слобода,

Наспроти обвинувањата на „Охрид SOS“ дека хотелот, по изградбата, дополнително ќе ги загадува езерските води, во средина каде што колекторскиот систем е дисфункционален, па фекалиите се излеваат во езерото, од Општина Охрид, тврдат:

„Општина Охрид е во постојана координација со стручните служби на МЈП Проаква – РЕ Водовод Охрид. Врз основа на добиените информации, oд МЈП Проаква –РЕ Водовод Охрид, колекторскиот систем во Лагадин е функционален во целост и нема излевање на фекалиите во водите на езерото. Мораме да потенцираме дека од добивањето на мандатот на градоначалникот Бакрачески, приоритет број еден е рехабилитацијата и надградбата на колекторскиот систем околу езерото“, објаснуваат од кабинетот на Бакрачески.

Оттаму потврдуваат дека градоначалникот самоиницијативно бил во посета на УНЕСКО во Париз, минатиот месец. Но, не за изнаоѓање решение за „дисфункционалниот колекторски систем“ во Лагадин, како што тврдат охридските еколози, туку за рехабилитација и надградба на колекторскиот систем околу целото езеро.

„Општина Охрид ги превзема сите неопходни мерки на највисоко ниво во соработка со службите на УНЕСКО, за обезбедување финансиска конструкција со која би можело да се рехабилитира и надградува колекторскиот систем околу езерото. Истовремено, изработена е студија за оценка на влијанието на животната средина. Се врши чистење на крајбрежјето од физички отпад и окрек, редовно се чистат реките, каналите кои континуирано се сливаат кон Охридското Езеро. Општината, во соработка со ЈП Нискоградба, гради канализациона и фекална мрежи како мерка за заштита на Охридското Езеро“, информираат надлежните.

Граѓанските активисти од „Охрид SOS“, бараат Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и Инспекцискиот совет на Република Македонија, итно да извршат надзор и да ја стопираат изградбата на хотелот во Лагадин, во заштитниот појас на Охридското Езеро. Тие се убедени дека со тоа дополнително ќе се загадат и така контаминираните езерски води со фекалии. Еколозите повикуваат на интервенција на надлежните, согласно со Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство.

Моника Талеска

 

Tags: Државен инспекторат за животна срединаЛагадинМЈП ПроакваНикола БакраческиОхрид SOSОхридско ЕзероПаризУНЕСКОхотел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ