• Latest

Маричиќ: Македонскиот народ останува заедно со украинскиот народ на патот до мирот, безбедноста, демократијата и членството во ЕУ

February 26, 2024
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Македонскиот народ останува заедно со украинскиот народ на патот до мирот, безбедноста, демократијата и членството во ЕУ

February 26, 2024 10:59
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања на конференцијата „Украина- Две години хероизам“, 26 февруари 2024 година.

Веќе две години, херојството и борбеноста на украинската нација го инспирираат слободниот свет односно светот во кој доминираат демократијата и почитувањето на човековите права. Украина, со својата храброст, со татковинската љубов и за жал со многуте човечки жртви во изминатите две години, претставува светски и историски пример колку е важен стремежот за слобода, за солидарност и обединување.

Не постои поинаков и поисправен одговор за бруталната воена агресија што ја спроведува тоталитарната политика на Путин, од оној што Украина го дава веќе две години, со поддршка од демократските земји во светот.

Рускиот напад на Украина е напад на европските вредности и затоа за нас беше лесно да се избере страна и меѓу првите, стопроцентно (100%) да се усогласиме со надворешната политика на Европската Унија и НАТО.

Северна Македонија е уште еден пример за важноста да се биде во сојуз како што е НАТО, но истовремено е пример дека нема мали и големи држави, туку има земји и народи кои ги негуваат солидарноста и сојузништвото и ги покажуваат на дело.

Македонската нација, од првиот ден, застана заедно со украинската нација и со сите други сојузници во НАТО и во ЕУ, во борбата против агресијата, воените злосторства и непочитувањето на меѓународното право.

Ние имаме долга историја на соработка со Украина. Двете земји имаме слична историја, па и слична политичко безбедносна сегашност. Минатата година, на Украина ѝ донесе и кандидатски статус за членство во ЕУ, акт кој ние го поздравуваме и веруваме дека добро ќе соработуваме на европскиот пат на нашите две земји и дека до 2030 година ќе бидеме на бината на земји кои ќе се приклучат на Европската Унија.

Поддршката за Украина не е трошок, туку инвестиција во иднината на една голема и храбра нација, но и инвестиција во нашата сопствена безбедност, стабилност и мир. Украина се бори за слободата и територијалниот интегритет на државата, но и слободата и мирот во целиот свет.

Со отворањето на можностите за забрзана интеграција на Северна Македонија и Албанија, со кандидатскиот статус за Украина и Молдавија и со отворањето на европската перспектица за Грузија, ЕУ покажува дека не е само економски сојуз, туку е сојуз на држави и нации кои споделуваат исти вредности – вредности на мирот, солидарноста и меѓусебното почитување.

Војната во Украина е момент на пресвртница во историјата, како што кажа и германскиот премиер Олаф Шолц, и претставува доказ дека немаме време, ниту можности за колебање, како во поглед на евроатлантските интеграции, така и во поглед на целосната и безрезервна поддршка на украинската нација во нејзините стремежи за слобода, сувереност и независност.

Македонскиот народ останува заедно со украинскиот народ на патот до мирот, безбедноста, демократијата и членството во ЕУ.

 

Слава Украини!

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ