• Latest
Фото МИА

Собранието в среда ќе гласа за член на ДИК и за Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање

February 26, 2024
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието в среда ќе гласа за член на ДИК и за Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање

Собранието в среда во рамки на 145 седница се очекува да избере член на Државната изборна комисија (ДИК). Според информации на МИА, предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на највисокото изборно тело во земјата би можел да добие поддршка од повеќе од 80 пратеници, иако за да се изгласа е потребно двотретинско мнозинство.

February 26, 2024 16:40
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото МИА

Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието в среда во рамки на 145. седница се очекува да избере нов член на Државната изборна комисија (ДИК). Според информации на МИА, предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на највисокото изборно тело во земјата би можел да добие поддршка од повеќе од 80 пратеници, иако за да се изгласа е потребно двотретинско мнозинство.

Партиски извори за МИА велат дека се очекува за Демири да не гласаат пратениците од ДУИ и од крилото на Зијадин Села од Алијанса на Аланците, додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалиции и албанската опозиција ќе го поддржат.

По неколку месечни препирки за тоа која партија на Албанците да има свој член на ДИК, Демири остана единствен кандидат откако Зулфи Адили од АА се повлече бидејќи беше именуван за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Абдуш Демири доаѓа од Беса и е предлог поддржан од партиите од албанската опозиција. Доколку биде изгласан, на помалку од три месеци ќе биде комплеиран составот на ДИК. Комисијата е повеќе од една година без еден член бидејќи Кренар Лога стана министер за правда.

На дневен ред на 145. седница што е закажана за среда 28 февруари во 11 часот е исто така Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – Трето читање. Законот е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас.

Засега, меѓу другите, на дневен ред на оваа седница е и Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

Tags: „избори“ДИКСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ