• Latest

24 ЧАСА: Облажувалниците нема да се селат подалеку од училиштата; граѓаните ќе можат да гласаат со стара или истечена лична карта; децата со три дози ДиТеПер вакцина ќе може да посетуваат градинка

March 14, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Облажувалниците нема да се селат подалеку од училиштата; граѓаните ќе можат да гласаат со стара или истечена лична карта; децата со три дози ДиТеПер вакцина ќе може да посетуваат градинка

March 14, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Законот за игри на среќа не помина во Собрание

Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон, соопштуваат од Собрание на Република Северна  Македонија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, информираа денеска од Државната изборна комисија.

Како што соопштуваат оттаму согласно измените на Изборниот законик, во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите, според актот за распишување на изборите, кои имаат живеалиште на територијата на Република Северна Македонија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пристигнале 1.300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април).

КУЛТУРА Град Скопје и Универзална сала објавиле повик за формирање здружение за Скопје Европска престолнина на културата 2028 со спорни услови и краток рок.

БЕЗБЕДНОСТ Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“.

ВАКЦИНИ Децата кои имаат примено три дози од вакцината ДиТеПер за голема кашлица можат да посетуваат градинка, но четвртата доза од вакцината ќе мора да ја примат најрано после шест месеци, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Москва започна широка кампања со која им порача на жителите на окупираните делови на Украина да гласаат на претседателските избори во Русија. За прв пат националното гласање се одржува во текот на три дена (15-17 март), но дополнително порано гласање веќе започна во окупираните делови на четири украински региони: Запорижја, Херсон, Донецк и Луганск.

*

Русите не успеаја да преминат на западниот брег на Днипро, беа принудени да се повлечат откако изгубија четвртина од својот капацитет. На другите делови од фронтот, руската армија продолжува со нападите врз украинските позиции во близина на Роботин и Вербове во југоисточниот украински регион Запорожје, но без голем успех.

*

Анти – Кремљ милицијата ги повика жителите на регионите Курск и Белгород да се евакуираат, борбите со руската армија се водат во пет населени места.

КОНФЛИКТИ

Вкупно 12.300 деца се убиени во Газа помеѓу октомври 2023 и февруари 2024 година

*

Јеменските Хути соопштија дека нема да прекинат со нападите во Црвеното Море додека Израел не стави крај на војната против Газа, не ја укине опсадата и не дозволи влез на хуманитарна помош во сите делови на палестинската енклава, пренесува Агенцијата Анадолу.

*

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, пред состанокот со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, истакна дека помошта што се испраќа во Газа по воздушни, морски и копнени патишта е недоволна, и рече дека најважно е да се отворат копнените граници и да се почне да се работи на дводржавно решение, кое го поддржуваат САД и ЕУ.

АЛ-ПРЕС

Косовскиот премиер Албин Курти вчера соопшти дека неговата Влада побарала од Агенцијата за катастар на Косово да ја спроведе одлуката на Уставниот суд од 2016 година за имотот околу манастирот Дечан.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Најголемиот трик што ѓаволот некогаш го направил е да го убеди светот дека не постои“, се вели во антологискиот цитат од филмот „Вообичаените осомничени“ (The Usual Suspects, 1995), изговорен од Вербал Кинт (улога што ја толкува Кевин Спејси). Овој цитат ја опфаќа суштината на руската пропаганда: да се отфрли нејзиното постоење, а пропагандните наративи и дезинформации да му се припишат на локалното население, дека тоа се изворни убедувања и ставови на луѓето, пишува Џабир Дерала во колумната „Луѓе-антени: Агенти на влијание“.

*

Во пресрет на парламентарните и изборите за претседател на државата, на политичката мапа се профилираат два дијаметрално спротивни правци: Од едната страна се политичари и партии со демократска, прогресивна, прозападна, јасно нагласена евроатлантска провиниенција, кој ги осудуваат ретроградните политики на Путин и неговата агресија врз Украина и од другата страна се декларираните анти-ЕУ и анти-НАТО политичари и партии кои негуваат нескриени, силни проруски чувства, кој ја оправдуваат целосната неиспровоцирана воена агресија врз Украина, секако нарекувајќи ја „специјална операција“ со вордингот на руската пропаганда.

Но, како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа, има и еден дел кој флуктуира во сивата зона, ни ваму, ни таму, односно час ваму, час таму, избегнувајќи децидно да одбере страна, додворувајќи се на неколку страни истовремено, во зависност на лукративните интереси на некој поединец во врвот на партијата, пишува Драган Мишев во колумната „Руската пропаганда ви е како шило… џабе си ја ишкате мувата“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ