• Latest
Фото: Х

Фон дер Лајен: Нуклеарната енергија може да обезбеди стабилни цени на струјата 

March 21, 2024

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Нуклеарната енергија може да обезбеди стабилни цени на струјата 

March 21, 2024 11:51
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

По глобалната енергетска криза предизвикана од руската инвазија врз Украина, многу земји имаат нов поглед кон потенцијалната улога што може да ја игра нуклеарната енергија, што е особено важно за остварувањето на климатските цели, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Самитот за нуклеарна енергија што денеска се одржува во Брисел.

– Да не заборавиме дека во светот нуклеарната енергија е вториот по големина извор на електрична енергија со ниски штетни емисии, веднаш по хидроенергијата. За да ја зачуваат енергетската безбедност, земјите бараат да ја намалат нивната зависност од увезени фосилни горива, а за да се обезбеди нивната конкурентност, нуклеарната енергија може да обезбеди стабилност за цените на електричната енергија, истакна Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека во ЕУ постојат различни ставови околу нуклеарната енергија, но дека сепак верува оти нуклеарните технологии можат да играат важна улога во транзицијата кон чиста енергија.

-Повеќето патишта до нето нула емисии оставаат отворен простор за нуклеарната енергија. Во сценариото на Меѓународната агенција за енергија, се предвидува нуклеарните капацитети да се зголеми за повеќе од двојно до 2050 година, а обновливите извори на енергија да го преземаат најголемиот дел од процесот на декарбонизирање на глобалното снабдување со електрична енергија. Проекциите на Европската комисија, исто така, покажуваат дека обновливите извори на енергија во најголем дел се надополнети со нуклеарна енергија и ќе бидат столбот на производството на струја во ЕУ до 2050 година, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека во глобални рамки постои тренд пад на уделот нуклеарните технологии на енергетскиот пазар, при што денес од атомски централи потекнуваат само девет проценти од произведената струја, за разлика од 1988 кога тој удел бил 18 отсто.

– Нуклеарната енергија се уште е најголемиот поединечен извор за производство на струјата во ЕУ со удел од 22 отсто. Но, тој удел е значително под нивото во 90-тите години на минатиот век, кога нуклеарната енергија произведуваше една третина од електричната енергија во Европа, додаде Фон дер Лајен,

Според неа, за зголемување на придонесот на нуклеарната енергија кон остварување на целта на ЕУ за климатска неутралност, потребно се поголеми инвестиции, помали трошоци на атомските централи, како нејзино користење за затоплување.

Таа се осврна и на потребата од продолжување на животниот век на постојните нуклеарни централи, како и нивна безбедност, бидејќи проширувањето на нивното безбедното работење е еден од најевтините начини да се обезбеди чиста енергија што може да помогне да се трасира економичен пат до нето нула емисии на штетни гасови.

– Инвестирајте сега за климатска неутралност во 2050 година, проширете го вашиот ангажман со транзицијата кон чиста енергија, размислете за продолжување на векот на постоечките постројки со целосна посветеност на највисоките нивоа на безбедност и иновации. Ако индустријата и владите можат да ги исполнат овие задачи, тогаш нуклеарната енергија може да даде значаен придонес за брза, безбедна и сигурна иднина, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето.

Организатор на Самитот, на кој учествуваат делегации од 30 држави, експерти и претставници на индустријата, истражувачки центри и на невладиниот сектор, е Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Tags: нуклеарна енергијаФон Дер Лаjен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ