• Latest

ЕК по повод Меѓународниот ден на Ромите: Потребни се напори за видлив напредок во справување од дискриминацијата на Ромите

April 8, 2024
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК по повод Меѓународниот ден на Ромите: Потребни се напори за видлив напредок во справување од дискриминацијата на Ромите

April 8, 2024 08:27
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на Ромите, посветен на најголемото етничко малцинство во Европа, ги слави различностите, ромската култура и уметност, нивниот јазик и придонес во европската историја и општество, наведуваат потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јоурова и еврокомесарите за еднаквост и за соседска политика и проширување, Хелена Дали и Оливер Вархеји во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

– Пред 53 години, на 8 април 1971 година, претставници на Ромите со различно потекло и од различни земји се сретнаа на првиот Ромски конгрес и заедно се договорија за ромското знаме, ромската химна и заедничкото име „Роми“, се потсетува во пораката, пренесува МИА.

Еврокомесарите нагласуваат дека и денес Ромите се уште се соочуваат со високи нивоа на дискриминација во секојдневниот живот, посочувајќи дека 80 отсто од припадниците на ромските заедници во 10 земји членки на ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија, 52 проценти се соочени со опасност да останат без живеалишта, а 22 отсто живеат во домови без водоводна инфраструктура.

– Ромите и натаму се соочуваат со сериозни предизвици во пристапот до правата и услугите, вклучително и при еднаков пристап до квалитетно образование, вработување или здравствена заштита, се потенцира во пораката.

Во текстот натаму се потсетува дека во својата Стратешката рамка за Ромите 2020-2030, ЕУ постави цели за земјите членки што треба да ги постигнат до 2030 година, вклучително и намалување на јазот на сиромаштија меѓу Ромите и припадниците на останатите етнички заедници за најмалку половина, намалување на недостигот на домови со кој се соочуваат Ромите за најмалку една третина, како и намалување на процентот на ромски деца кои посетуваат настава во сегрегирани основни училишта.
Во пораката се нагласува и дека земјите од Западниот Балкан и Турција усвоија национални стратегии за усогласување на своите политика со Рамката на ЕУ за Ромите.

– Ги повикуваме земјите членки и нашите партнери опфатени со процесот на проширување, особено оние со значителна ромска популација, да ги засилат своите напори за да се усогласат со обемот на предизвиците и да постигнат видлив напредок. Работејќи заедно и со ефективно користење на расположливата поддршка и финансирање, можеме да изградиме фер и еднаква Европа за доброто на сите, додаваат Јоурова, Дали и Вархеји во изјавата по повод Меѓународниот ден на Ромите.
Се проценува дека во ЕУ и во државите опфатени со процесот за членство во Унијата живеат меѓу 10 и 12 милиони Роми, што оваа заедница ја прави најголемо етничко малцинство во Европа, кои воедно важи и за најдискриминирано.

Врз основа на Стратешката рамка за Ромите, што Европската комисија ја усвои во октомври 2020 година, изработен е Акциски план на ЕУ за борба против расизмот, кој поставува пристап за социо-економска инклузија на припадниците на ромската заедница, со поттикнување на еднаквост и нивно учество во општествените текови.
Европскиот совет во март 2021 година усвои Препорака со која земјите од ЕУ се обврзаа да спроведат конкретни мерки за намалување со нееднаквоста со која се соочуваат Ромите, по што во заклучоците од Самитот одржан лани во октомври членки ја реафирмираат посветеноста да обезбедат недискриминаторски пристап за припадниците на ромската заедница до соодветни и десегрегирана живеалишта.

За реализација на овие цели предвидени се средства во Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, кои можат да се користат преку структурните фондови, Инструментот за пристапна претпристапна (ИПА), Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка „Глобална Европа“, Инструментот за техничка поддршка, Економскиот и инвестицискиот план за Западнат Балкан, како и преку пакетот за економско закрепнување од Ковид пандемијата „Следна Генерација ЕУ“ и Механизмот за обнова и отпорност.

Според правилата на ЕУ, политиките за еднаквост, инклузивност и учество на Ромите првенствено е во надлежност на земјите членки, но институциите на ЕУ играат важна улога во утврдување на насоките на овие политики, координацијата на националните активности, мониторингот во спроведувањето на целите и остварувањето напредок и обезбедувањето поддршка преку европските фондови. Во рамките на своите надлежности Еврокомисијата ја следи имплементацијата законодавството на ЕУ за еднаквост и недискриминација, игра важна улога во промовирањето на еднаквоста на Ромите, како и во вклучување и учеството на нивни претставници во пре

Tags: ЕКМеѓународен ден на Ромите
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ