• Latest

24 ЧАСА: ДИК бара ОИК да бидат пооддговорни, поактивни и поажурни; Преговарачката рамка за Северна Македонија нема да се смени; потребно е повеќе Роми да учествуваат во управувањето со важни процеси во државата

April 8, 2024

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025

Српски хакери ја нападнале веб страницата на Албанската радио телевизија, објавиле вести против Косово

May 20, 2025
Фото: МИА архива

Франција е решена да ја признае палестинската држава

May 20, 2025

РЕАКЦИИ: “Предизборна козметика“; „Урбана мафија, најлесно перење пари“; „Извор на криминал и корупција“

May 20, 2025

Фетаи: Нема причина да се саботира актуелната Влада, Таравари работи на враќање на ДУИ на власт

May 20, 2025
Фото: harvardharrispoll.com/

Анкета: Над 60% Американци сметаат дека Путин ги одложува мировните преговори и поддржуваат санкции ако Русија одбие да преговара

May 20, 2025

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ДИК бара ОИК да бидат пооддговорни, поактивни и поажурни; Преговарачката рамка за Северна Македонија нема да се смени; потребно е повеќе Роми да учествуваат во управувањето со важни процеси во државата

April 8, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДИК бара поголема активност од општинските изборни комисии

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) Бобан Стојановски и Борис Кондарко бараат општинските изборни комисии (ОИК) максимално да се вклучат во активностите за претстојните Претседателски и Парламентарни избори и како што рекоа, да бидат пооддговорни, поактивни и поажурни.

И на денешната седница на ДИК се одлучуваше по барања за изземање од извршување должност претседател, заменик претседател и член на општинските изборни комисии, а по случаен избор беа одредени нови лица. ДИК одобри и акредитација за изборите на 13 меѓународни набљудувачи од Централната изборна комисија на Косово.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

По тврдењата на некои македонски политичари во изминатите месеци дека може да има промена Преговарачката рамка за земјава еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во интервју за БГНЕС тврди дека Преговарачката рамка нема да се смени и дека тој не смета оти земјите-членки на Европската Унија сакаат да ги преразгледуваат условите што ги има Северна Македонија.

ИНТЕРВЈУ

„Обединетите нации сè уште претставуваат најдобра платформа за обезбедување на светскиот мир и соработка со сите нејзини недостаоци кои се јавуваат во текот на функционирањето. И еден од клучните чекори кои Македонија мораше да го направи а тоа е членството во ООН. И го направивме. Пред 31 година ние станавме земја членка на ОН, под времена референца со оглед на отвореното прашање кое уште од самиот почеток го имавме со Грција и кое прашање остана незатворено уште 27 години. Меѓутоа тогаш благодарение на храброста и одлучноста на претсеадтелот Киро Глигоров и тогашното водство Македонија стана земја членка на ОН а знаевме колку тоа е значајно за греадење на една независна држава“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Фронтлајн.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Меѓународниот ден на Ромите, посветен на најголемото етничко малцинство во Европа, ги слави различностите, ромската култура и уметност, нивниот јазик и придонес во европската историја и општество, наведуваат потпретседателката на Европската комисија за вредности и транспарентност Вера Јоурова и еврокомесарите за еднаквост и за соседска политика и проширување, Хелена Дали и Оливер Вархеји во заедничката изјава по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

ЗДРАВСТВО Веднаш по формирањето на новата влада да се потпише анексот на Колективниот договор, порачаа денеска здравствените работници од протестот пред Министерството за здравство.

ИНТЕГРАЦИИ Маричиќ: Македонскиот јазик и културата „со посебна важност во процесот на евроинтеграција“.

ТУРЦИЈА Најмалку 28 новинари и медиумски работници се или во истражен притвор или на издржување казна во затворите во Турција, истовремено, Ердоган држи над 200 политички затвореници, претежно Курди, притворени надвор од досудената казна, а бројката се зголемува секојдневно.

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Викенд кампања – Објава на програми; тежок старт со минус шест бодови; раскинување на договорот со Бугарија; борба против руско влијание; опожарен билборд на кандидат

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и неговиот француски колега Стефан Сежурне повикаа на јакнење на поддршката за Украина.

*

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин ја нарече руската агресија врз Украина „украинска криза“ и рече дека „не може да има победници и губитници“. Терминот „украинска криза“ е неприфатлив за карактеризирање на руско-украинската војна. Украина не е ниту причина ниту извор на кризни феномени во меѓународните односи.

КОНФЛИКТИ

Со неселективниот напад на 7 октомври минатата година Хамас целосно се дисквалификува себеси и оваа криминална група не може да го претставува палестинскиот народ, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, по повод шест месеци од нападот на исламистичкото движење врз Израел.

*

Десетици илјади Израелци викендов демонстрираа низ целата земја против владата на Бенјамин Нетанјаху, барајќи посериозни напори за ослободување на заложниците кои Хамас ги држи шест месеци.

АЛ-ПРЕС

Во Косово почна пописот на населението, процес кој ќе трае месец и половина. Последниот попис на населението во Косово беше спроведен во 2011 година, кога земјата имаше околу 1,8 милиони жители. Прашалникот за регистрација за првпат ја вклучува и документацијата за воените штети во семејните стопанства. На овој попис се очекува и бојкот, бидејќи најголемата партија на Србите на Косово, Српска Листа, ги повика Србите да го бојкотираат процесот на попис на населението организиран од институциите на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Европската унија планира наскоро да ја организира следната средба меѓу главните преговарачи на Косово и Србија за да се најде решение за прашањето за динарот врз основа на предлог на посредникот Мирослав Лајчак.

Портпаролот на ЕУ, Петар Стано, во изјава за медиуми  рече дека страните мора што поскоро да најдат решение за да го отворат патот за нормализација на односите.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

ИНИЦИЈАТИВА

Новинарот Зоран Иванов, со пораката за важноста на демократското право на глас: Демократијата е слобода, гласањето е слобода. Гласањето е слободен избор, секој глас е наш глас, наша сопственост!

ФОТО ВЕСТ

Новинарот Љупчо Златев на неговиот Фејсбук профил објави фотографија дека „има разлика меѓу новинар и гангстер“, алудирајќи на апсењето на новинарот од „Портал Х“ Фуркан Салиу со образложение дека нападнал полицаец на фудбалски натпревар, а во неговото возило е пронајден пиштол, додека пак Салиу негираше дека нападнал полицаец, а за пиштолот рече дека поседува дозвола.

Само да потсетиме дека едно време и Златев се „фалеше со неговиот пиштол Глок“ (за кој сега вели дека му бил на дијаболи).

СЛОБОДНА ЗОНА

Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на фудбалски натпревар го покажа вистинското лице на раководната структура на МВР во моментов. И не само тоа. Тука не завршува тревожната сторија.

Се дознава дека тој бил малтретиран, а веројатно и тепан и во полициска станица. Овој тежок инцидент претставува брутално кршење на човековите права.

Насилството беше очигледно од видео снимките на социјалните мрежи. Тоа што е помалку очигледно, а сосема извесно, е инструментализирање на полицијата и активирање на пропагандната машинерија во ист такт: Да се посее страв и да се предизвикаат поделби и тензии, а по потреба и насилство.

Што е следно?

Пуч!?, пишува Џабир Дерала во колумната „ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА МВРО: Зошто беа поставени нови началници во полицијата?“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ