ЏАБИР ДЕРАЛА
Во рок од 24 часа по стапувањето на должноста министер за внатрешни работи, Тошковски (инаку адвокат на Мицкоски кој води два судски процеси против потписникот на овие редови), ги смени речиси сите полициски началници во целата земја. Тоа не беше добар знак. Не многу подоцна, тој „се истакна“ и со изјавата дека ќе го засили полициското присуство во средините каде што Албанците се мнозинско население.
Секој нормален во земјава знаеше уште првиот момент дека вмро ќе тргне во злоупотреба на полицијата.
Тоа е нивниот специјалитет!
И нивната долгогодишна министерка го зборуваше тоа со кикот, како што можеше да се слушне од прислушуваните разговори објавени во 2015 година. Едниот кат – МВР, другиот кат – штаб на ВМРО. Дури и еден од нивните пропагандисти своевремено направи мошне илустративен лапсус нарекувајќи го министерството – МВРО! Што друго да очекува човек!?
Инструментализирање на полицијата и активирање на пропагандната машинерија во ист такт: Да се посее страв и да се предизвикаат поделби и тензии, а по потреба и насилство.
Бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу за време на фудбалски натпревар го покажа вистинското лице на раководната структура на МВР во моментов. И не само тоа. Тука не завршува тревожната сторија.
Се дознава дека тој бил малтретиран, а веројатно и тепан и во полициска станица. Овој тежок инцидент претставува брутално кршење на човековите права.
Насилството беше очигледно од видео снимките на социјалните мрежи. Тоа што е помалку очигледно, а сосема извесно, е инструментализирање на полицијата и активирање на пропагандната машинерија во ист такт: Да се посее страв и да се предизвикаат поделби и тензии, а по потреба и насилство.
Што е следно?
Пуч!?
ПС. Кога меѓународната заедница ќе ја оценува состојбата на човековите права и слободи во земјава, ќе го земе предвид овој случај и ќе додаде негативни поени во рангирањето. Потоа, МВРО ќе излезе со пискаво соопштение дека власта спроведува насилство. Класика!
Текстот е личен став на Авторот.
ПРОЧИТАЈТЕ И: