• Latest
Фото: МИА / ЕП

Комисиите за надворешни работи и за буџет на ЕП го поддржаа Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

April 9, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Комисиите за надворешни работи и за буџет на ЕП го поддржаа Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

April 9, 2024 15:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: МИА / ЕП

Фото: МИА / ЕП

Share on FacebookShare on Twitter

Комисиите за надворешни работи и за буџет на Европскиот парламент денеска на заедничка седница со 70 гласа „за“, шест „против“ и еден „воздржан“ ја одобрија Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, претходно, синоќа во прво читање Регулативата ја поддржа и Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер).

Известувачот на Комисијата за надворешни работи, хрватскиот европратеник Тонино Пицула истакна дека Европарламентот многу сериозно го сфаќа овој Механизам, потсетувајќи дека политичкиот договор за содржината на Предлог-регулативата за негово создавање беше постигнат во четвртокот од страна на белгиското претседателство со Советот на ЕУ и претставници на ЕП.

– Преговорите беа тешки, но конструктивни и успеавме добро да ги одбраниме позициите на Европскиот Парламент, задржувајќи единствен фронт од страна на европратениците. Од таму самиот договор, може да се смета за успех, нагласи Пицула.

Неговиот сонародник и известувач на Комисијата за буџет, Карло Реслер, пак, истакна дека постигнувањето на договорот било далеку од едноставно, особено кога на него се работело под притисок на времето.

– Оваа регулатива без никаков сомнеж има потенцијал да биде менувач на состојбите во регионот и да го доведе поблизу до ЕУ со забрзување на реалните и опипливи реформи, додаде Реслер.

Предлог-регулативата сега треба да биде формално усвоена и на пленарно заседание на Европскиот парламент. Првата наредна седница на ЕП е закажана за утре и задутре.

Механизмот за реформи и раст е финансиски инструменти за имплементација на Планот за раст на Западниот Балкан, кој Европската комисија го претстави лани во ноември, како нова алатка за забрзување на подготовките на земјите од регионот за членство во ЕУ, со можност за користење на некои од неговите придобивки за граѓаните и бизнисите уште пред зачленувањето. Тоа би требало значително да ги забрза процесот на проширување на ЕУ и растот на економиите на земјите од регионот.

Во рамки на Механизмот за периодот од 2024 до 2027 година за земјите од Западниот Балкан ќе бидат одвоени шест милијарди евра, од кои две милијарди евра неповратни грантови и четири милијарди евра позајмици под поволни услови. Од вкупната сума најмалку 800 милиони евра ќе бидат предвидени за Северна Македонија.

За финансирање на позајмиците ЕУ ќе обезбеди средства од финансискиот пазар, а за неповратната поддршка веќе е обезбедена сумата со последната ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година.

Овие средства ќе претставуваат надополнување на постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3), со што значително ќе се зголеми финансиската помош од ЕУ за државите од Западниот Балкан.

Механизмот треба да им обезбеди поддршка на земјите до регионот во спроведувањето на реформите поврзани со приближувањето кон Унијата и да го стимулира нивното економско поврзување со блокот, врз основа на амбициозни реформски агенди. Механизмот, исто така, има за цел да промовира усогласување на овие земји со вредностите, законодавството, правилата, стандардите, политиките и практиките на ЕУ, со цел нивно подготвување за идно членство во Унијата.

Финансиската помош е условена со спроведување на социо-економски и фундаментални реформи дефинирани во амбициозните реформски агенди што самите ги подготвуваат земјите од Западен Балкан и ги доставуваат на одобрување до ЕУ.

Најмалку половина од целокупниот пакет помош ќе биде распределен преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) за поддршка на инвестиции во транспортната инфраструктура, енергетскиот сектор и за зелената и дигиталната транзиција, а останатиот дел ќе биде наменет како директна поддршка за националните буџети на земјите од регионот.

Средствата ќе бидат исплаќани двапати годишно, врз основа на барањата на земјите од Западниот Балкан и по одобрение од Комисијата, а за некои прашања и од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), доколку бидат исполнети сите релевантни услови. Станува збор за услови поврзани со квалитативните и квантитативните оценки за постигнатиот напредок и резултати во имплементацијата на реформските агенди, како и општите услови поврзани со макрофинансиската стабилност, управувањето со јавните финансии, транспарентноста и контролата над буџетот.

Доколку некои услови не се исполнети, Комисијата може делумно или целосно да ја прекине исплатата. По ваквата суспензија и во случај партнерите од Западен Балкан да не ги исполнат поврзаните услови за време на грејс период од една година, односно две години во првата година од имплементацијата, суспендираниот износ ќе биде повлечен и може да биде прераспределен меѓу другите корисници во следните години.

Еврокомисијата очекува комбинирањето на зголемената финансиска помош заедно со реформите да го забрза напредокот на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, да ја поттикне нивната економска конвергенција и тие подобро да се интегрираат во единствениот европски пазар уште пред зачленувањето во Унијата.

По формалното одобрување од страна на земјите членки, односно Советот на ЕУ и на Европарламентот, Регулативата ќе стапи во сила следниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗападен Балкан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result