• Latest

24 ЧАСА: Кандидатите за претседател со предизборни ветувања за подобар живот; Пендаровски ги отфрли обвинувањата на Мицкоски за тајни средби за амнестија на политичари; ЕК го одбри Планот за реформи во Украина

April 16, 2024

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025

Српски хакери ја нападнале веб страницата на Албанската радио телевизија, објавиле вести против Косово

May 20, 2025
Фото: МИА архива

Франција е решена да ја признае палестинската држава

May 20, 2025

РЕАКЦИИ: “Предизборна козметика“; „Урбана мафија, најлесно перење пари“; „Извор на криминал и корупција“

May 20, 2025

Фетаи: Нема причина да се саботира актуелната Влада, Таравари работи на враќање на ДУИ на власт

May 20, 2025
Фото: harvardharrispoll.com/

Анкета: Над 60% Американци сметаат дека Путин ги одложува мировните преговори и поддржуваат санкции ако Русија одбие да преговара

May 20, 2025

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Кандидатите за претседател со предизборни ветувања за подобар живот; Пендаровски ги отфрли обвинувањата на Мицкоски за тајни средби за амнестија на политичари; ЕК го одбри Планот за реформи во Украина

April 16, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Како што се наближува датумот за првиот круг за претседателски избори, што ќе се одржат на 24 април, на така се засилува и реториката на кандидатите за шеф на државава. Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места.

Претендентите за Вила Водно и вчера на средбите со граѓани и на вечерните митинзи синоќа испратија ветувања за подобар живот, не избегнувајќи ја реториката со меѓусебни обвинувања.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Тајни средби кај мене немало, меѓутоа, ако приложи доказ во таа смисла, а јас ви тврдам дека такво нешто не постои, јас тогаш можам него да го прашам дали го интересира кој сѐ барал прием кај мене. Да му кажам датуми, имиња и презимиња. Затоа што станува збор за неговите најблиски соработници од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам и што барале од мене, во таа насока“, одговори претседателот на државата, Стево Пендаровски на обвинувањата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за за тајни преговори за амнестија на политичари.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БРИСЕЛ Проширувањето на ЕУ е геополитички императив, но мора да се заснова на заслуги, се согласија денеска учесниците на конференцијата „Проширување и продлабочување на Унијата: Што е влогот за ЕУ ​​и граѓаните на ЕУ на следното свикување на Парламент“, што се одржа во Брисел во организација на Европскиот парламент и на Европскиот универзитетски институт од Фиренца.

КОНФЛИКТИ Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Претставничкиот дом на САД ќе го разгледа пакетот странска помош оваа недела, поделувајќи го на четири посебни нацрт-закони за поддршка на Украина, Израел, Тајван и други потреби за национална безбедност на САД, изјави претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон во понеделникот по состанокот на републиканската конференција зад затворени врати.

*

Европската комисија донесе Одлука со која даде позитивна оценка за спроведување на Планот за Украина, кој претставува сеопфатната стратегија за реформи и инвестиции во земјата за следните четири години, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Тринаесетти ден кампања за претседателски избори, веќе јасно се исцртани контурите на тоа што кандидатите би го правеле доколку победат на изборите што ќе се одржат на 24 април. Претседател на партија води кампања наместо кандидат, предизборната кампања на претседателските кандидати во своите обраќања, во голема мера инкорпорираат елементи од кампања за парламентарни избори, исти ветувања на опоненти, јасна антизападна ориентација, обвинувања, клевети и препукувања.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Ти одлучуваш! ГЛАСАЈ

Крстевски: Секој од нас треба да излезе, да гласа и да го даде својот глас на претстојните избори

СЛОБОДНА ЗОНА

„На промоцијата како кандидат на ВМРО-ДМПНЕ, Силјановска го „прескокна“ статусот на Албанците и релациите со македонскиот народ. На изборите во 2019 година реков дека „Силјановска ќе ја доживее судбината на Петковски во 1999 година“! Така и бидна. Нејзината генерална поента беше „Македонија на Македонците“!. Професорката сфатила дека треба да го промени односот кон Албанците и тоа го прави, но молчи околу нејзините искажани ставови кон нив“, пишува Сефер Тахири во колумната „Горда Македонија“ e и моја, не само твоја!“

„Следејќи ги слоганите на кампањите на политичките партии кои стојат зад кандидатурите на Силјановска – Давкова и Ванковска во трката за претседател на Република Северна Македонија, во кои едните сакаат да ја направат Македонија повторно горда (некако им се споило името на кандидатката со прафразата од слоганот на омилениот им Трамп „Make America great again“) а другите со својата кандидатка ќе го враќаат достоинството на нацијата, пред очи ми се појавува сликата од двете кандидатки, тогаш како членки на професорскиот пленум, како гордо и достоинствено треперат како возбудени тинејџерки при пристигнувањето на тогашниот премиер, сегашен бегалец во Будимпешта, Никола Груевски“, пишува Драган Мишев во „Силјановска-Давкова и Ванковска, двете лица на монетата за поткусурување на Груевски“

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ