• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Силјановска-Давкова и Ванковска, двете лица на монетата за поткусурување на Груевски

April 16, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БРЗА ПОШТА

Силјановска-Давкова и Ванковска, двете лица на монетата за поткусурување на Груевски

April 16, 2024 15:21
in БРЗА ПОШТА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Следејќи ги слоганите на кампањите на политичките партии кои стојат зад кандидатурите на Силјановска – Давкова и Ванковска во трката за претседател на Република Северна Македонија, во кои едните сакаат да ја направат Македонија повторно горда (некако им се споило името на кандидатката со прафразата од слоганот на омилениот им Трамп „Make America great again“) а другите со својата кандидатка ќе го враќаат достоинството на нацијата, пред очи ми се појавува сликата од двете кандидатки, тогаш како членки на професорскиот пленум, како гордо и достоинствено треперат како возбудени тинејџерки при пристигнувањето на тогашниот премиер, сегашен бегалец во Будимпешта, Никола Груевски.

„Немаме ништо суштински против вас“, му се правда Ванковска на Грујо, додека Силјановска-Давчева, со блага насмевка сервилно клима со главата и трепка со очите во знак на сложување со констатацијата на колешката (за што подоцна од истиот премиер ќе добие повеќе бенефиции, меѓу кои и членство во управен одбор за синчето), по што со задоволство го прифаќаат тајмингот кој така ноншалантно им го одреди пастирот од ракав, изполнувајќи им ја желбата да ги однесе на средба во Собрание наместо на неутрален терен во хотелска сала (небаре законодавниот дом му е дедовина, спротивно на неговите ингеренции кои завршуваа до капијата на кичерајското здание на Илинденска ББ).

А само минутка предходно, професорката Ванковска, во отсуство на тогашниот премиер, се силеше дека се тука да се конфронтираат.

„Веома врло“ гордо и достоинствено.

Дополнително, да потсетиме на нивните демократски капацитети, кога претходно, во време грујово, двете кандидатки, гордо и достоинствено, беа меѓу најгласните поддржувачки и апологети на упадот во А1 и затворањето на телевизијата.

А за гордиот и достоинствен однос на лидерите на политичките партии кои ги кандидираа двете кандидатки, кои во кампањата ги користат како мечки на панаѓур, во некоја друга прилика.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: кампањакандидаткиНикола Груевскипретседателки избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ