• Latest

24 ЧАСА: Пендаровски се откажа од претседателската пензија; ќе се прегласува на избирачки места во Желино, Охрид и Крушево; ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН почнаа преговори за формирање влада

May 14, 2024
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пендаровски се откажа од претседателската пензија; ќе се прегласува на избирачки места во Желино, Охрид и Крушево; ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН почнаа преговори за формирање влада

May 14, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пендаровски се откажа од доживотната пензија, првиот политичар што ја поддржа иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите

Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе се откаже од дел од привилегиите кои му следуваат согласно законот, односно, нема да ја користи доживотната пензија, но ќе користи канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет, соопштија од неговиот кабинет, за ЦИВИЛ Медиа.

Со оваа одлука, Пендаровски е првиот претседател на државата кој се откажал, односно нема да ги користи привилегиите по завршување на мандатот, како што тоа го прават сите негови претходници.

Во согласност со безбедносните проценки, од МВР ќе продолжат  да го обезбедуваат поранешниот претседател.

На 14 мај 2019 година, ЦИВИЛ ја започна Иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите. Иницијативата #КрајЗаРасипништвото  ја поддржаа шест илјади граѓанки и граѓани во онлајн петицијата што ја започна организацијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пол Мекарти, директор за Европа во ИРИ, коментирајќи ја анкетата оценува дека постои силна желба низ Балканот за зајакнување на врските со западните економии и за приклучување кон ЕУ.

„Оваа широка поддршка покажува дека луѓето од целиот регион веруваат дека понатамошната интеграција во Европската унија може да помогне за постигнување одржлив просперитет“, вели Мекарти.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДИК/ИЗБОРИ По Желино ќе се прегласува и на избирачки места во Охрид и Крушево – „Европски фронт“ со обвинувања за изборен инженеринг

ПРЕГОВОРИ ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „ВЛЕН” ги формираа работните групи за продолжување на разговорите за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка.

РЕАКЦИИ Европската унија и САД испраќаат гласна порака до Северна Македонија, која е додадена на јасните предупредувања на Грција и веројатно ќе се слушне погласно од „македонската кауза“ што новата претседателка на земјата, Гордана Силиановска, ја избра да ја игра, влечејќи ја земјата во „танцот на Залонгос“, пишува грчка Прототема.

ЕПП со остри реакции по говорот на претседателката, ВМРО-ДПМНЕ на врвот на листата за „генерално чистење“ од членството

ОСУДА Директна осуда на изјавите на претседателката Сиљановска Давкова дојде и од сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Германија, опозициската ЦДУ. Пратеникот на демохристијаните и надворешно-политички говорник, Јирген Харт вели дека Брисел мора да им испрати јасна порака на Сиљановска и на ВМРО-ДПМНЕ дека таквата политика нема да се толерира.

ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во вторникот пристигна во Кијив во првата посета на Украина од страна на висок американски функционер откако Конгресот го усвои долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за земјата минатиот месец.

КОНФЛИКТИ

Терористичката група Хамас со помош на тајната полиција во Појасот Газа со години ги шпионира палестинските цивили со цел да го уништи секое противење на тврдокорното владеење на групата над територијата.

Лидерот на Хамас, Јехиа Синвар, со години ги надгледувал тајните полициски сили во Појасот Газа, кои вршат надзор над секојдневните Палестинци и градат досиеја за млади луѓе, новинари и оние кои ја критикуваат владата на Хамас, според разузнавачките претставници и низата внатрешни документи во кои имаше увид Њујорк Тајмс.

СЛОБОДНА ЗОНА

„На 14 мај, Украина го почитува споменот на Украинците кои ги спасуваа Евреите за време на Холокаустот во времето на Втората светска војна.

Спасители на Евреите биле Полјаците, Холанѓаните, Французите, Украинците, како и Кримските Татари, Ерменците, Грците, Германците, претставници на различни религиозни деноминации. Овие луѓе покажаа хуманост и покрај тоа што за давање помош на Евреите, смртната казна им се закануваше не само на самите спасители, туку и на нивните деца, членови на нивните семејства“, пишува Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Лариса Дир во колумната „Праведници на Украина“.

*

„Се прашувам како е кај мајките со деца со предизвици и нетипичности и се молам за сите нас, да сме добро.

Штом се погледнам во очи со друга мајка на 3, посебно ако 2 од нив се година дена разлика, посебно ако сама си ги исчувува, ми течат солзи и викам „среќа што се вака немирни, здрави прави деца, тоа им е работа“ и длабоко верувам во ова.

Понеделник е за градинка кој да знае за кое добро беа овие 2 и пол месеци, едвај чекам да видам, покрај сè, плачам дека ќе тргаат и колку ќе ми фалат.

Колку е лесно човек да ве сака, дивјачиња мои МНС.

Кој рече дека мајчинството е лесно а љубовта не е брутална?

Happy Mothers day to all of us“, пишува Дороти Пачкова во колумната „Љубовта не е брутална?“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ