• Latest

Конференција на ЦИВИЛ за циркуларна економија: Да се зајакнат локалните производни капацитети и да се минимизира и рециклира отпадот

May 31, 2024

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Конференција на ЦИВИЛ за циркуларна економија: Да се зајакнат локалните производни капацитети и да се минимизира и рециклира отпадот

May 31, 2024 15:19
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Јакнење на локалните производни капацитети за што помала зависност од меѓународната понуда, ефикасно користење на ресурсите, минимизирање, рециклирање и паметно управување со отпадот, елеминирање на пластиката за еднократна употреба, инвестирање во инфраструктура отпорна на нагли промени, иновации во зелени технологии и дигитализација. Ова се само некои од препораките што беа изнесени на денешната регионална конференција за циркуларна економија во услови на војни и несигурности.

Конференцијата укажа на потребата од политики кои поддржуваат иницијативи за одржливост, но ја нагласи и потребата од регионална соработка. Во фокусот беше руската агресија врз Украина која, како што истакнаа учесниците, креираше нова реалност и предизвика екоцид.

-Војната во Украина влијаеше врз зелената транзиција и енергетската криза. Предизвика загуба на биодиверзитет и зголемување на емисиите на стакленичките гасови. Досегашните штети по животната средина се проценуваат на 60 милиони евра, рече Џабир Дерала од ЦИВИЛ, презентирајќи ги најновите анализи.

Еколошкото уништување, додаде, бара практики за отпорност.

-Украина е првата земја која забележува и анализира случај на екоцид. И покрај конфликтот, таму има иницијативи за рециклирање. Украинската влада успешно води транзициски и трансформациски проекти кои промовираат циркуларна економија и обновливи извори.  Војната, освен што предизвикува траума, ги уништува и природните и културолошките ресурси. Но, има начини како да се ублажи нејзиното влијание – преку локална продукција, отпорни технологии и политики, преку јакнење на локалните производни капацитети за намалување на зависноста од меѓународната понуда. На овој начин треба да се искористи цирклуарната економија и тука владите имаат клучна улога, потенцира Дерала.

Тој се осврна и на клучните стратегии за отпорност, меѓу кои е, потсети, и Европската зелена агенда која климатските предизвици сака да ги претвори во можности.

-Отпорни синџири на снабдување и рециклирање, минимизиран отпад, максимално рационално користење на ресурсите, иновации за подобрување на циркуларната економија, елеминирање на пластиката за еднократна употреба, со овие практики ќе бидеме поотпрни и ќе го  намалиме уништувањето на природата, дополни Дерала.

Според Газменд Берлајоли, извршен директор на Балканскиот форум, не треба само да се подвлечат предизвиците во регионот, туку треба да се донесат и решенија кои ќе го подобрат начинот на размислување.

-Безбедноста и стабилноста треба да бидат врвен приоритет, но мора да се зборува и за другите теми во општеството, да се направи баланс, да не се става акцент само на големите политички проблеми, порача Берлајоли.

Евгенија Крстевска од Хелветас укажа дека нејзината организација е насочена кон соработка за воспоставување хабови кои би служеле како шалтер за цируларна економија во регионот. Преку овие шалтери, објасни, би се споделувале сите знаења и можности од оваа област. Според Крстевска, во целиот процес на имплементирање циркуалрна економија, треба да се внимава на претрпијатијата зашто ако не се поддржи приатниот сектор, нема да има развој и одржливост.

-Во фокусот ни се енергетската ефикасност во градежништвгото, иновациите, дигитализацијате,.. Видовме огромен потенцијал во  циркуларната економија која ќе овозможи одржливост во регионот. Мора да се приспособиме кон директивите за отпад на ЕУ и другите заложби, посебно во однос на Зелената агенда за Западен Балкан, рече Крстевска.

Еден од говорниците, изнесувајќи ги искуствата во Албанија, посочи дека локалната власт и задениците се уште ја мешаат циркуларната економија со рециклирање.

На конференцијата беше презентиран и дел од видео-интервјуто на Фатмир Битиќи за ЦИВИЛ во кое тој вели дека земјава минатата година ја завршила со преку 660 мегагавати инстралирана електрична енергија од обвновли извори што е доволно за снабдување на 200 000 домаќинства, а до 2016-та сме имале само 11 мегавати. Битиќи во интервјуто најавува и дека годинава ќе ја завршиме со 800 мегавати инстралирана електрична енергија од обвновли извори. Со овие примери тој подвлекува дека од кризите како воениот кофликт во Украина, може да се извлечат и поуки и да се научат лекции.

– Затоа што се најдовме во енергетска криза, се забрзаа сите напори кон зелената транзиција. Низа години наназад инвестиците во обновливи извори беа мали, скоро никакви. За време на енергетската криза, од увозно зависна земја на електрична енергија во март годинава стигнавме до тоа само 2,75 отсто од потребите на струја да бидат од увоз, а беа преку 30 отсто, што укажува дека е направен сериозен исчекор кон енергетска независност, а тоа ќе не стави во ституацијаа да бидеме понатаму и извозно ориентирани, рече Битиќи.

Конференцијата „Перспективите на циркуларната економија во услови на војна и несигурност“ е дел од Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан 2024, регионална манифестација што трета година ја организира регионалната иницијатива ЛогЕкс (LogEx), формирана од тинк-тенк организацијата Балкан Форум од Косово. Неделата на циркуларна економија се одржуваше од 27 до 31 мај, а темата годинава е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“.

https://www.youtube.com/live/zg3mYC6xzME

https://www.youtube.com/live/ZRwoJYtpEE8

МИА

фото: принт скрин

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ