• Latest

(ЕКСКЛУЗИВНО) Хедер Роберсон за ЦИВИЛ МЕДИА: Како човек со две очи, не ми е тешко да видам, во однос на Русија и Украина, од која страна е напаѓачот, а која се брани, која страна киднапира деца и ги уништува животите на луѓето

June 8, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Хедер Роберсон за ЦИВИЛ МЕДИА: Како човек со две очи, не ми е тешко да видам, во однос на Русија и Украина, од која страна е напаѓачот, а која се брани, која страна киднапира деца и ги уништува животите на луѓето

June 8, 2024 16:16
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОНТЕКСТ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на анализата на ЦИВИЛ Медиа за некритичката дистрибуција во дел од македонските медиуми на антизападните ставови на Џефри Сакс, неговите способности и обвинувањата дека НАТО ја предизвикал војната во Украина, Хедер Роберсон, магистер по човекови права на Универзитетот Колумбија со сертификат за напредни студии од Институтот Хариман, најстариот истражувачки институт посветен на проучувањето на Русија и Источна и Централна Европа и  коавторката на графичкиот роман од 2009 година, „Македонија: Што е потребно за да се запре војната“ која ја проучуваше имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, во ексклузивна изјава за ЦИВИЛ Медиа вели:

„Ако ја погледнете кариерата на Џефри Сакс со текот на времето, тој отсекогаш имал многуцврсти убедувања, тврдејќи дека поседува посебни информации што малкумина ги поседуваат потпирајќи се на целосна доверба во сопствената анализа. Кога имаше триесет години, вети дека ќе ја сврти хиперинфлацијата во Боливија за еден ден, препорачувајќи политики за шок-терапија што уништи милиони, особено оние кои веќе беа сиромашни. Во Русија, Сакс остана крајно уверен дека неговата шок-терапија ќе даде резултат, а сега знаеме дека таа предизвика дестабилизација, сиромаштија, слабеење на демократските институции, разоткривање на социјалното ткиво и огромната економска нееднаквост што сè уште ја гледаме денес.

Според Роберсон, после тоа се чинело дека Сакс се оградува, оградувајќи со исто толку во убеденоста против САД и ЦИА за мешање во работите на другите земји.

Сега, како што вели таа, тој ги изнесува своите многу силни мислења и наводна експертиза за нападите во Украина, тврдејќи дека разбира што се случува зад сцената на начин што никој друг не може.

„Јас вообичаено не би се вклучила во лични напади како овој, но мислам дека е многу важно да се биде внимателен кон луѓето кои тврдат дека поседуваат привилегирани информации и експертиза за толку широк спектар на теми и региони како што тврди Сакс. Овие личности кои се чини дека знаат сè за сè можат да бидат примамливи, но само почекајте. На крајот тие ќе почнат да зборуваат на тема за која Вие сте експерт, а дури потоа ќе видите колку тие не знаат. Дури и да зборувам за неговиот пристап кон Боливија и економските теории за кои тој тврдеше дека го инспирирале, можам да кажам дека тој всушност не ги читал, бидејќи дејствувал против нивните најосновни премиси“.

Во продолжение, во однос на Русија и Украина, Хедер Робертсон вели:

„Во однос на Русија и Украина, јас сум Американка и еден од омилените моменти ми е да ја критикувам сопствената земја. Поминувам многу повеќе време на тоа отколку што некогаш размислувам за Владимир Путин.

Низ годините таа сретнала многу Американци скептични за американската надворешна политика, вклучително и луѓе кои професионално работат на спроведување на таа политика.

„Така, јас го разбирам инстинктот да го направам тоа, и тоа може да биде многу продуктивна активност., вели Хедџер, но, како човек со две очи, не ми е тешко да видам, во однос на Русија и Украина, од која страна е напаѓачот, а која се брани. Не ми е тешко да видам која страна на најбрутален начин киднапира деца и ги уништува животите на луѓето“.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анти НАТОВојна во УкраинаЏефри Сакс
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result