• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје во Газа, Хамас ја прифаќа; Русија ослободува затворенички за да се приклучат на војната во Украина; кој кого казни и зошто не на изборите?

June 11, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје во Газа, Хамас ја прифаќа; Русија ослободува затворенички за да се приклучат на војната во Украина; кој кого казни и зошто не на изборите?

June 11, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа, Хамас ја прифаќа резолуцијата 

Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата.

Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана, пренесува МИА.

Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот на Советот за безбедност на Обединетите нации и е подготвен да преговара за деталите, изјави денеска функционерот на групата Сами Абу Зухри, нагласувајќи дека на Вашингтон е да го принуди Израел да го почитува неговото спроведување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„ВМРО – ДПМНЕ, како конзервативна десничарска партија, не може да го избегне ова барање и да бара алиби во другите опции, бидејќи во крајна линија, за да останат како членка и во дискурс со овие конзервативни партии или ЕПП, мора и да го пренесат нивниот начин и барања и мислам дека тоа ќе влијае да се забрза да се најде некое споредно алиби, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ било каква гаранција и таа гаранција ќе биде декларативна и нема да биде во никакво посебно писмо или со нешто што може да ја промени рамката на преговори со Европската Унија. Исто така, оваа групација на конзервативни партии треба да внимава ВМРО-ДПМНЕ да не се придвижи кон екстремната десница“, рече меѓу другото Исмет Рамадани, за ЦИВИЛ Медиа.

РЕГИОН

Уште една политичка жртва по националните и европските избори во неделата во Бугарија. Оставка поднесе Корнелија Нинова, претседателка на Бугарската социјалистичка партија (БСП) поради лошите резултати. Ова е трет пат Нинова да поднесе оставка.

СВЕТ

Руската војска почна да користи и друг, дополнителен извор на работна сила, почна да испраќа осуденички да се борат во Украина. Жените осуденички во Русија се приклучуваат на руските воени напори против Украина. На затвореничките им ветувале помилувања и месечна плата од 2.000 долари за време на регрутирањето. Но,  ова е првпат да бидат испратени на бојното поле откако потпишаа минатата година.

СЛОБОДНА ЗОНА

„По убедливата победа на претседателските и парламентарните избори на десничарската ВМРО-ДПМНЕ, прогресивците почнаа кампања со хе-хе-нце дека вмровците (или како што ги нарекуваат вемерџаните) ќе треба да коленичат пред Албанците (или како што се изразуваат „пред Шиптарите и ДУИ“), за да може да состават влада.

Па прават хе-хе-нца, гифови, монтираат албански народни танци и ора со македонски патриотски песни (најчесто Заветна, ударната песна на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изборната кампања), демек „еве видете ги патриотите од ВМРО како коленичат и им прифакаат сè на албанските партии (ВЛЕН и ДУИ), истото што предходно ним им го правеше ВМРО- ДПМНЕ од позиција на опозиција“, пишува Дехран Муратов во колумната „Националистичките хе-хе-нца на прогресивците!“.

*

„Што се однесува до „прогресивните“ партии во „нашата земја“ – тие не го положија тестот на историјата. Повеќе сакаа да живеат „во моментот“ – некои се трудеа / трудат да бидат поголеми патриоти од патриотите (читај: националистите), а другите, едноставно, ги напуштија демократските и прогресивните вредности, како да се нешто од што треба да се срамат. Бог нека ги благословува сега…“, пишува Џабир Дерала во колумната „Избори: Кој кого казни и зошто не?“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ