• Latest

Националистичките хе-хе-нца на прогресивците!

June 11, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Националистичките хе-хе-нца на прогресивците!

June 11, 2024 15:27
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

По убедливата победа на претседателските и парламентарните избори на десничарската ВМРО-ДПМНЕ, прогресивците почнаа кампања со хе-хе-нце дека вмровците (или како што ги нарекуваат вемерџаните) ќе треба да коленичат пред Албанците (или како што се изразуваат „пред Шиптарите и ДУИ“), за да може да состават влада.

Па прават хе-хе-нца, гифови, монтираат албански народни танци и ора со македонски патриотски песни (најчесто Заветна, ударната песна на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изборната кампања), демек „еве видете ги патриотите од ВМРО како коленичат и им прифакаат сè на албанските партии (ВЛЕН и ДУИ), истото што предходно ним им го правеше ВМРО- ДПМНЕ од позиција на опозиција.

Главните наративи на прогресивците на социјалните мрежи е дека „Мицкоски (ќе) им даде на Албанците претседателот на Собрание, Африм Гаши, кој даде заклетва на албански јазик, а Косово му е татковина, прв вицепремиер, 6 министри, неколку заменици, стотина директори, нова етничка комисија за ДУИ итн“…

По изборите „лавињата станаа мачиња“

Во предизборната трка национализмот беше пуштен на најјако, ВМРО бараа 61 пратеник за да не бидат условувани од „малцинството“ (читај Албанците), ВЛЕН беше „чиста албанска коалиција“, ДУИ настапување како мутикултурна и европска партија.

Но, едно е кога си опозиција, друго е кога седнуваш на маса за да преговараш за формирање влада која ќе биде во служба на сите граѓани на Севррна Македонија или како што милуваат оние чија уста беше полна во предизборието со Македонија и само Македонија, денес да ја нарекуваат „нашата земја“. Речиси еден месец се фаќа сеир и се прават хе-хе-нца за „патриотите на ВМРО“ демек Мицкоски ги изневерил нивните гласови и очекувања. Можеби е и така, но во политиката мора да се прават отстапки, или како што во минатото се прослави еден поранешен претседателот на државата со изјавата „мора да се направи разумен компромис“.

Ако прогресивците разговараат со било кој гласач на ВМРО-ДПМНЕ ќе видат дека тие не гласале за програмата и ветувањата што им беа кажани за време на изборната кампања, туку гласаа против СДСМ. Или народно кажано: „ВМРО-ДПМНЕ и магаре да поставеа на избирачкото ливче пак ќе го гласаа, само да изгуби СДСМ“. Најголемиот дел од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ или ЗНАМ беа сфесни дека ќе мора да се формира Влада со некоја албанска партија или коалиција. Мал дел граѓан(к)и или речиси никој не (по)верува дека може да има влада составена само од Македонци.

И за појаснување на прогресивците „разумен компромис е разумен комромис, сфатете го“!

Кога хе-хе-нцето прераснува во национализам

И наместо прогресивните сили во „нашата земја“ да ги охрабруваат (десничарите) вмровците да подадат рака на сите етнички заедници, да ги почитуваат различностите и европските вредности, да настојуваат и да продолжат кон европскиот пат, тие ги с’скаат да продолжат со национализмот, да го поништат Преспанскиот договор, да стават препрека на преговорите со ЕУ…

Она што е интересно е тоа што прогресивните сили неформално се здружиле со “левичарите“ кои отворено се залагаат за други алтернативи (читај Русија), наместо ЕУ и НАТО. Истите „хе-хе-нца“ ги споделиваат и симпатизерите на СДСМ и на Левица.

Со правењето хе-хенца и мемиња за вмровците (вемерџаните), всушност се прави анти-албанска кампања. Оние што до вчера пишуваа позитивно за ДУИ и Албанците, денес пишуваат против нив, колку и да се „правдат“ дека тоа што го пишуваат е иронично и дека они немаат ништо против Албанците (имаат по еден другар Албанец), сепак се добива впечаток дека „од Тиранска (Приштинска) платформа и од Албанците се плашат само тие што се во опозиција“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ