ВЕСТ НА ДЕНОТ
Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, соопшти Министерството за образование и наука во врска со високите температури во земјава и обврската на основците до 17 јуни да следат настава од учебната 2023/2024 година.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Преспанскиот договор е јасен по однос на „erga omnes“ употребата на името на државата и тој е спореден по однос на уставната обврска што ја имаме сите ние. Уставното име на државата е Република Северна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот, ирелевантно станува во однос на Преспанскиот договор“, изјави денеска Министерот за надворешни работи во техничката влада, Бујар Османи.
РЕГИОН
Поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ изјави дека архитектурата на границите во регионот е завршена со прогласувањето на независноста на Република Косово, но дека „сé уште постојат закани и опасности од таканаречените мегадржавни проекти“.
Редакциски избор од албански медуими: Натпреварот на албанската репрезентација на ЕП 2024 го „парализира“ Собранието; Во Албанија промовирано првото оклопно воено возило „Шота“; Косово го одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник
СВЕТ
Истрага на ОН: Израел и Хамас извршиле воени злосторства од 7 октомври: И Израел и Хамас извршиле сексуално насилство и тортура и намерно напаѓале цивили, според извештаите, кои опфаќаат повеќе од 200 страници.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Татковините на Албанците“, колумна на универзитетскиот порфесор Сефер Тахири.
Подготви: Б. Јордановска