• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Натпреварот на албанската репрезентација на ЕП 2024 го „парализира“ Собранието; Во Албанија промовирано првото оклопно воено возило „Шота“; Косово го одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник

June 12, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Натпреварот на албанската репрезентација на ЕП 2024 го „парализира“ Собранието; Во Албанија промовирано првото оклопно воено возило „Шота“; Косово го одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник

June 12, 2024 11:24
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот парламент нема да заседава од утре бидејќи дел од албанските пратеници ќе патуваат за Германија за да ги проследат фудбалските натпревари на репрезентацијата на Евро2024, известуваат албанските медиуми.

Во Република Косово денеска се одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник, поради условувањето на  Законот за службените празници од страна на Српска листа, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Натпреварот на албанската репрезентација на ЕП 2024 го „парализира“ Собранието, пратениците ќе одат во Германија на Евро 2024

Иако пленарната седница требаше да се одржи утре ( четврток) , Собранието одлучи денеска да се работи. Се чини дека ова „отстапување“ е направено поради првиот натпревар на албанската репрезентација против Италија на Евро2024, пренесува Балкан Веб.

Покрај навивачите, оние кои најмногу ќе уживаат изгледа се пратениците на Парламентот на Албанија.

Добар дел од нив од четврток ќе отпатуваат за Германија и затоа Собранието а ја одложи пленарната седница за денеска.

Дел од албанските законодавци ќе патуваат со автомобил, кои ќе ја следат Албанија во трите меча во групната фаза, покрај мечот со Италија, и оние со Шпанија и Хрватска. Затоа, поради оваа причина, следната недела нема да има пленарна седница во парламентот.

Газета Експрес: Во Албанија промовирано првото оклопно воено возило „Шота“ –  „Made in Albania“

Компанијата „Тимак“ го претстави прототипот на првиот оклопен воен автомобил, произведен во Албанија.

Возилото пред три недели беше најавено  од министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, кој претходно укажа  дека тимот на „Тимак“ го сочинува екипа која има 75 отсто млади жени. Според неговата најава, оваа компанија извезува автомобили во 20 земји во светот, пренесе Газета Експрес.

КОСОВО

Косово го одбележува денот на ослободувањето, но не како државен празник

Пред 25 години во  Косово беа распоредени 50.000 војници на НАТО, а со нив и привремената администрација на Обединетите нации. И во текот на сите овие години, косовските  институции не го официјализираа како државен празник.

На 12 јуни 1999 година, по 78 дена бомбардирање од страна на Западната воена алијанса предводена од Америка против српско-црногорските воени цели на Косово во Србија и Црна Гора, трупите на НАТО влегоа во Косово во мировната мисија која ќе се вика КФОР, со што завршија речиси две-годишната  војна меѓу востаничкото албанско население организирано во редовите на Ослободителната војска на Косово и окупаторските српско-црногорски воени и полициски сили.

Според изјавите, измената на Законот за службените празници продолжува да се условува со Српската листа. Во меѓувреме, Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВЛ-УЧК) го критикува таквото нешто. Според оваа организација, последните години овие празници мрзеливо ги одбележуваат институциите во земјава, додека опозициските партии сметаат дека недостига политичка волја Денот на ослободувањето да се вметне во календарот на официјалните празници, пренесува Бота Сот.

Телеграфи: Поранешниот претседател на САД, Клинтон, објави видео по 78-дневниот напад на НАТО врз Србија: Денеска се заблагодарувам за 25 години мир на Косово

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, големиот пријател на Албанците, се присети на моментот кога меѓународната заедница на чело со САД стави крај на војната во Косово и на злосторствата на Србија.

Клинтон во објава на платформата Х го прикачи видеото на кое се прикажани моментите од тој период и периодот кога НАТО 78 дена ги бомбардираше воените цели на Србија за да стави крај на злосторствата и етничкото чистење во  Косово, пренесува Телеграфи.

КОЛУМНА

Газета Експрес:  „Мојот расказ за првите денови од слободата“

„Чувствата на радост беа толку силни што не сакав да знам за физичкиот замор. Сакав да пеам што погласно, но штом помислив на моето семејство во Дреница, гласот ми престана. Немав информации што им се случило во тие три месеци.

Сомнежите дека можеле да бидат убиени, не ми излегуваа од ум. Се разбира, и надежта дека ќе ги најдам сите живи. Кога се спуштивме во рамнината, застанавме на поток. Чизмите не ми беа собуени повеќе од две недели. Ги соблеков чизмите и ги натопив нозете во студената вода на потокот. Чорапите, кои имаа ужасно силен мирис ги измив во вода и откако ја исцедив водата ги облеков  се уште мокри.“, пишува за своите  сеќавања за крајот на војната авторот Блерим Латифи во колумната „Мојата приказна за првите денови на слободата“, објавена во Газета Експрес.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ