ВЕСТ НА ДЕНОТ
Мицкоски во Собранието го достави предлогот за состав на нова влада
Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа, откако во неделата вечерта Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди петнаесетте членови.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Битиќи: Раздвојувањето на економијата и енергетиката може да има сериозни негативни последици – повеќе јавни пари за неефикасни институционални поставености
„Раздвојувањето на економијата и енергетиката може да има сериозни негативни последици врз функционалноста на државните институции и буџетот. Овој потег ќе доведе до зголемување на бирократијата, што значи поголеми административни трошоци и потреба за дополнителни работни места и раководни позиции. Ова значи, дека повеќе јавни пари ќе се трошат за неефикасни институционални поставености.“, изјави за ЦИВИЛ Медиа досегашниот вицепремиер за европски прашања, сегашен пратеник од редовите на СДСМ во Собранието, Фатмир Битиќи.
РЕГИОН
Албански медиуми: Ветинг на полицијата во Албанија; УЕФА Фудбалската федерација покренува дисциплинска постапка по постапките на српските навивачи на ЕУРО 2024; Бериша е прогласен „нон грата“ со докази
СВЕТ
Израелскиот јавен радиодифузер Кан вчера објави дека израелското разузнавање неколку недели пред нападот на Хамас на 7 октомври минатата година ги предупредило израелските воени претставници дека палестинската група подготвува напад.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Во истиот миг кога некој договор ќе се постигне, првиот импулс на типичните македонски политичари е да најдат начин како тој договор да го изиграат, а притоа и да извлечат максимална корист за себе. Истото се однесува и на законски решенија и стратешки документи чија намена е да ги унапредат демократијата, човековите права, политичката култура и меѓуетничките односи.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Цената на национализмот (2): Страдаат граѓанките и граѓаните кои не се третираат како луѓе, туку како толпи, бројки и проценти“.
Линк до првиот дел од колумната.
Подготви: Д. Тахири