• Latest
Фото: МИА

Пакстон: На самитот во Вашингтон НАТО ќе излезе со декларација за заканите по светската безбедност

June 28, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пакстон: На самитот во Вашингтон НАТО ќе излезе со декларација за заканите по светската безбедност

June 28, 2024 07:21
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На претстојниот самит на НАТО во Вашингтон шефовите на влади на 32-те земји членки на Алијансата ќе излезат со заедничка декларација за заканите по светската безбедност, изјави синоќа на брифинг Џеј Пакстон, портпарол на Сојузничката командна трансформација на НАТО (АКТ).

Самитот на НАТО во Вашингтон се одржува од 9 до 11 јули, а по повод 75 годишнината од формирањето на Алијансата.

Брифингот беше дел од посетата на новинарите на воената база Норфолк, најголема воено-морска база во светот, седиште на Командата на морнаричките сили на САД (ФФЦ) каде се закотвени над 75 воени бродови, подморници и носачи на авиони. Во Норфолк се наоѓа и седиштето на АКТ и на Командата на здружените сили (ЈФЦ) единствените две НАТО команди во Северна Америка.

Пакстон истакна дека главната цел на стратезите и експертите во АКТ е да се предвидат и одвратат заканите со кои е соочена Алијансата, посебно со војната во Украина и обидите на Кина да го наметне своето влијание на глобално ниво.

-Оружјето што ќе биде потребно за десет или петнасет години за одбрана на Алијансата од сите најмодерни закани треба се дизајнира и создава сега, изјави Пакстон.

Според Џеф Хјуз, вицеадмирал и заменик шеф на кабинет на командата задолжен за развој на капацитати, АКТ работи на развој на војувањето.

-Да се антиципира како ќе изгледа иднината. На пример како ќе изгледа подморницата на иднината. Да се разработат сите методи на одвраќање (на противниците), изјави Хјуз.

Според него, од декември  2023 година НАТО развива Концепција за војување Капстоун (НВЦЦ) a поврзано со развојот на војувањето и возможноста за ангажман.

-Оваа концепција  е во прилог на напорите на Алијансата за зацврстување на своите капацитети на одвраќање и одбранбената положба, и дава насоки за развој на воените предности на НАТО, изјави Хјуз.

АКТ е предводена  од генералот со четири ѕвезди Филипе Лавињ. Командата е оформена во 2003 година набргу по терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

Извор: МИА

Tags: НАТОСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ