• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Премиере, колку е саатот?

June 30, 2024

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Премиере, колку е саатот?

June 30, 2024 10:47
in АНТИКОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Првата асоцијација која ми дојде кога го видов поднесокот на новиот премиер Христијан Мицкоски за неговата имотна состојба при стапувањето на новата, долгопосакувана должност, е сликата од поставувањето на знамето на СССР од страна на советските војници на зградата на Рајхстагот во Берлин на крајот од Втората светска војна.

Не, не поради победата на изборите. Туку ради еден детаљ кој го има на оригиналната , неретуширана слика од историскиот настан. Имено, на рацете на едниот од советските војници може да се забележат неколку рачни часовници. Истото го забележала и советскатакоманда, и веднаш им станало јасно како тие часовници се нашле во сопственост на извесниот припадник на Црвената армија… и дале налог сликата (историјата) да се ретушира.

И додека начинот на кој советскиот војник дошол во посед на неколкуте рачни часовници е јасен, останува нејасно како сегашниов премиер на нашата земја, во период додека бил универзитетски професор и асистент на својот татко, со професорска плата успеал, покрај другите „дребулии“, како куќа од 400.000 евра и уметничка слика од 10.000 евра, да одвои скромен дел од околу 52.000 евра за 2 (два) рачни часовници од непозната марка.

Самиот Мицкоски не открива како, а некое посериозно истражување не можеме да очекуваме од новинарите кои, како по обичај за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, повеќето се прогласуваат за ненадлежни и си наметнуваат самоцензура, не може ни да се очекува.

Тука се присетив кога, пред неколку години (време груево) едно пријателче од вмровска провиниенција, во своите рани дваесетти, се шеташе низ град со скапи часовници, за кои гордо велеше дека ги има неколку дома, подароци од благодарни пациенти за неговиот татко, познат хирург.

И секако, не ми е јасен фетишов кон скапи рачни часовници кај претставници на вмровската владејачка номенклатура. Неодамна, на истиот фетиш падна и омиленото лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој беше сликан како наводно носи луксузен швајцарски часовник од познатата марка „Aquatimer Chronograph“, со просечна цена од 7-8.000 евра, зависно од моделот.

Ѓоорѓиевски потоа се правдаше дека часовникот го имал со години наназад, бил подарок од сопругата и цената му била околу 250 евра.

Можеби навистина го добил како подарок од сопругата и можеби навистина чини 250 евра, но ако моделот е реплика на „Aquatimer Chronograph“, основното прашање е како еден висок функционер во државата може да носи часовник кој е лажно изработен и има лажна етикета кога и законски треба да се заштитува оригиналноста на производите.

Овој случај на „тајната врска“ помеѓу членови на раководните структури во ВМРО-ДПМНЕ и скапите рачни часовниоци е како пресликан од оној во 2010 година кога неделникот „Глобус“ на фотографија каде тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Љупчо Тодоровски – Радникот тестира квалитет на запленет хероин, го идентификува часовникот што тој го носи на фотографија како моделот на престижниот швајцарски „хабло биг бенг“, кој чини меѓу 18.000 и 25.000 долари. Радникот, и целото негово опкружување во МВР потоа тврдеа дека тој носи фалсификуван рачен часовник, кинеска реплика на престижниот швајцарски бренд и дека (каква коинциденција) и тој бил подарок од пријател, кој го купил од дуќан во Кина. И тука важи истото прашање: како еден висок функционер во државата може да носи часовник кој е фалсификат и се коси со законот за заштита на индустриската сопственост кога самиот тој законски треба да ја заштитува оригиналноста на производите.

Но, се чини дека неодговорените прашања не ги засегаат многу широките народни маси, барем не до толку, за една рецитација на „Заветна“ да не може да ги „ретушира“ во колективната меморија на своите гласачи.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕимотна состојбаПремиерскапи часовнициХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ