• Latest

СДСМ, внатрепартиски: Филипче вети крај на таборите во СДСМ; Петровска нема да молчи пред неуспесите на партијата; без политички притисоци, Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ

July 2, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ, внатрепартиски: Филипче вети крај на таборите во СДСМ; Петровска нема да молчи пред неуспесите на партијата; без политички притисоци, Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ

July 2, 2024 12:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ има нов лидер. Лидерот ветува модерна, отворена и прогресивна партија, кади сите се подеднакво важни, нема поделба на табори, туку промена на менталитетот. Од друга страна Славјанка Петровска, која ја повлече кандидатурата, нема да замолчи пред неуспесите на СДСМ. Јован Деспотовски, пак, си поднесе оставка од ТИРЗ.

Славјанка Петровска

Пратеничката Петровска во интервју за ТВ 24 изјави дека нема да прифати никаква функција во СДСМ, затоа што не сака да биде причината за неуспесите на СДСМ.

„Нема да бидам причина за неуспесите на СДСМ, ама преку какви било обвинувања некој се обиде да ме замолчи и за сметка на тоа да продолжат некои внатрешни игри, што му штетат на СДСМ и кои следната година ќе направат полош резултат, тогаш нема да има цена што ќе може мене да ме замолчи, па дури и да е критика, па дури и да биде побарана оставка од мене како пратеник“ рече Петровска.

Славјанка Петровска, министерка за одбрана (Фото: ЦИВИЛ)

Таа ги објасни и причините за повлекување на кандидатурата велејќи дека одредени аномалии во текот на целиот процес, како и малиот број на членови што се регистрирале за гласање влијаеле на нејзината одлука.

„ Кога влегувате во еден процес, а факт е дека СДСМ го има единствениот ваков процес на избор на претседател и кога ова е трет пат вака да бирате претседател, тогаш сето она што се јавувало како пропуст, требало да биде надминато. Повторувањето на тие пропусти, покажа дека за жал ние не сме научиле од пропустите“ рече Петровска.

„На списоците имаше членови на други политички партии како ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно кои на последните избори во 2024 година работеа за тие партии“ посочи Петровска.

Венко Филипче

Ставање крај на таборите во СДСМ, теренски активности и инклучивен пристап, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Најсложената операција во целокупниот систем на партијата ќе биде реформа на менталитетот. Во СДСМ има генерално една лоша внатрешна комуникација помеѓу луѓето и една таборизација. Сметам дека со овој пристап со многу често присуство на терен, ќе разговараме со сите, или што повеќе луѓе ќе бидат вклучени во градењето на политиките. Ние партијата ќе ја трансформираме во една ефикасна организација која нема да носи политики само во интерес на поединци“ истакна Филипче.

Филипче  најави  дека во месец октомври ќе се конституира новиот Конгрес на СДСМ којшто ќе ги избере новите раководни структури на партијата и ќе се спроведат статутарни измени.

„Ќе биде направено е едно работно тело во централата, во партијата во Скопје, кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата“, изјави Филипче на Топ тема во Телма.

Тој ги прокоментира и за ВМРО-ДПМНЕ и идејата да се „прилагодат“ уставните измени, односно начинот на кој Бугарите би биле внесени во Уставот.

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со огромен број на гласови меѓу другото и поради тоа што кажуваа дека ќе обезбедат поповолна преговарачка рамка за нас за почеток на преговори. Ние ќе ја следиме ситуацијата и ќе видиме дали тие ќе испорачаат или не подобра преговарачка рамка“, рече Филипче.

Јован Деспотовски

Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ. На денешниот брифинг, Деспотовски на брифингот ги соопшти бројките од се што е сработено во ТИРЗ за време на неговиот мандат.

„Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман“, рече Деспотовски.

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ
фотографија: Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Претходно Деспотовски обвини дека на над 10 илјади партиски членови не им било дозволено да гласаат на внатрепартиските избори за нов лидер, а и оние кои излегле на гласање, биле вратени.

Биљана Јордановска

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Венко ФилипчеЈован ДеспотовскиСДСМСлавјанка Петревска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result