• Latest

Продолжува пресметката со активистите на Шарената револуција

February 1, 2017

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Продолжува пресметката со активистите на Шарената револуција

February 1, 2017 16:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основиот суд во Прилеп донесе уште една ослободителна пресуда за истакнатиот прилепски активист на Шарената револуција, адвокатот Жарко Стеваноски. Оваа е втора ослободителна пресуда, по поднесени 6 прекршочни пријави од прилепската полиција, којашто го гони за прекршок по ист основ, од член 191 од Законот за безбедност во сообраќајот, за испишаниот графит „Че си лежите!“, за време на протестите на Шарената револуција во Прилеп.

„Очигледно е дека оваа и ваква власт полека, но сигурно, заминува во историјата, како една од најозлогласените во практикување на моќта на институциите за лични цели и за пресметка со неистомислениците“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, активистот Стеваноски.

Во Кривичниот суд во Скопје пак, во тек е постапката против истакнатиот активист од Шарената револуција, Павле Богоевски. Последното рочиште во кривичната постапка против Богоевски, се одржа пред два дена.

„Кривичната пријава ми е поднесена за протестот на 18-ти април пред Министерството за култура, ме товарат за ‘Учество во толпа што ќе стори кривично дело’ и за оштетување на културно наследство, бидејќи зградата е заштитена како културно наследство. Проблемот е што од целата толпа само мене ме гонат, значи јас сум толпата! Последното рочиште беше пред два дена, а следното е закажано за 13-ти март. Пресметаната штета врз Министерство за култура е околу 8.000 евра, па ако ме прогласат за виновен, многу е веројатно дека тоа ќе биде сумата што ќе треба да ја платам“, вели Богоевски.

Против него се поведени и 50 прекршочни постапки, кои како што вели Богоевски, доколку се ефектуираат, ќе треба да плати штета од неколку стотици илјади евра.

М. Талеска

 

Tags: Жарко СтевановскиКривичен суд СкопјеОсновен суд ПрилепПавле Богоевскишарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ