• Latest
На фотографијата: Мануел Сарацин, Јосип Јуратовиќ и Џабир Дерала на церемонијата за доделување на наградата, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

Интересни детали од церемонијата за доделување на Наградата за солидарност за новинари на Југоисточна Европа на Џабир Дерала во германскиот Бундестаг

July 18, 2024

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Интересни детали од церемонијата за доделување на Наградата за солидарност за новинари на Југоисточна Европа на Џабир Дерала во германскиот Бундестаг

July 18, 2024 13:23
in КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
На фотографијата: Мануел Сарацин, Јосип Јуратовиќ и Џабир Дерала на церемонијата за доделување на наградата, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

На фотографијата: Мануел Сарацин, Јосип Јуратовиќ и Џабир Дерала на церемонијата за доделување на наградата, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

Share on FacebookShare on Twitter

Германската Асоцијација за Југоисточна Европа на 4 јули му ја додели наградата за солидарност за новинари за 2024 година на Џабир Дерала, новинар, писател, аналитичар, и активист за човекови права. Тој е претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода и главен уредник на медиумската платформа на организацијата.

„Како соосновач и прв човек на истакнатата организација за човекови права ЦИВИЛ, основана во 1999 година, Дерала ја нарави организацијата синоним за иновативни и моќни иницијативи во областа на човековите права, демократијата и граѓанското учество“, рече Јосип Јуратовиќ заменик-претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа во говорот посветен на Дерала, за време на церемонијата за доделување на наградата на 4 јули во германскиот Бундестаг.

Јосип Јуратовиќ, пратеник во Бундестагот и потпретседател на Асоцијацијата одржа говор во чест на Џабир Дерала, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

Пратеникот во Бундестагот и потпретседател на Асоцијацијата за Југоисточна Европа, одржа пофален говор за лауреатот на Наградата за солидарност што им се доделува на новинари од Југоисточна Европа, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: Асоцијација за Југоисточна Европа). Јуратовиќ дополнително ја истакна и неизмерната борба на Дерала за демократијата, човековите права и слободи, родовата и етничка еднаквост, неговата борба против хибридните закани, неговиот придонес кон промовирање на вредностите кои се клучни за општествениот напредок.

„И покрај тоа што беше соочен со закани и говор на омраза од ултранационалистички и проруски групи, Дерала неуморно ја продолжува својата работа за промовирање на вредностите кои тој ги смета клучни за општествениот напредок. Неговата храброст, посветеност и безрезервна преданост на човековите права и слобода го прават вистински херој на нашето време“, истакна Јуратовиќ.

На самиот почеток на церемонијата се обрати Мануел Сарацин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, во јавноста попознат како специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, кој ги претстави целите и причините зошто оваа награда за солидарност се доделува на новинарите од Југоисточна Европа.

„Се надеваме дека на нашето симболично вреднување на нивната работа ќе се гледа како придонес кон слободата на медиумите и слободата на говорот и, се разбира, ова е навистина голема чест што можеме да ја доделиме во самиот Германски парламент“, истакна Сарацин.

По воведните обраќања на Сарацин и Јуратовиќ, на церемонијата говореше и лауреатот Дерала.

„Дозволете ми да се обидам да објаснам што значи оваа награда за мене и за моите колеги. Тоа значи дека не сме сами. Дека борбата е тешка, но дека има признание. Тоа значи дека има солидарност. Поддршка. Надеж. Оваа награда претставува неочекувано, но мошне потребно признание за работата и неуморните напори кои јас и моите колешки и колеги ги вложуваме за да осигуриме дека фактите преовладуваат над лагите манипулациите и пропагандата“, изјави Џабир Дерала во своето обраќање во германскиот Бундестаг.

Тој додаде дека ја прима награда, но не само во свое, туку и во име на своите колешки и колеги кои секојдневно ги споделуваат истите предизвици со него и дека „не би бил овде денеска без нив“.

На церемонијата за доделување на наградата во германскиот Бундестаг, говор одржа и Џабир Дерала, 4 јули 2024 (фото извор: SOGDE.org)

„Ние го браниме правото да го искажеме нашето мислење и да ги откриваме вистинските стории за дискриминираните и угнетените, дури и по цена на нашата благосостојба и безбедност“, истакна Дерала.

Дерала во своето обраќање ја нагласи потребата од секојдневна борба за вистината наспроти лагите, манипулациите и пропагандите. Тој истакна дека нашата мисија е да ги зачуваме и негуваме демократијата и демократските вредности.

„Секој од нас е важен дел од огромната сложувалка на светот, која е засенета од мрачната закана од војна и диктатури. Ова не е само празна фраза; тоа е реалност докажана одново и одново“, потенцираше Дерала.

На веб страницата на Асоцијацијата за Југоисточна Европа има бројни содржини за оваа престижна награда, па така беше објавена и фотографија од свеченото врачување на наградата, придружена со кратка биографија на лауреатот Дерала.

Свечено доделување на Наградата за солидарност на новинари од Југоисточна Европа, 4 јули 2024, Бундестаг (фото извор: SOGDE.org)

По свечените говори, на програмата беше и разговор со Дерала што го водеше Аделејд Фајлке, новинарка со високо меѓународно реноме, одговорна за сервисот на Дојче Веле на 10 јазици во проширениот европски регион меѓу Балтичкото, Јадранското и Црното Море. По разговорот беше отворена и сесија за коментари и прашања од публиката на кои одговараше Дерала.

По завршување на официјалниот дел од церемонијата, следеа фото сесија и коктел во чест на Дерала на кој присуствуваа пратеници во германскиот парламент, новинари, уметници и претставници на новинарски и граѓански здруженија.

Од фотосесијата во Бундестагот, Џабир Дерала во друштво со своите домаќини, лидерите на Асоцијацијата, парламентарци и новинарката Аделејд Фајлке (фото извор: ЦИВИЛ)

Деновиве, се очекува објавување на повеќе детали од целиот настан, како и разговорот на Фајлке со Дерала.

Да потсетиме, Дерала е добитник и на Орденот за заслуги од Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за неговиот огромен придонес во борбата против руската пропаганда и хибридни закани во 2023 година. Зеленски, со Указот број 556/2023 го одликува Џабир Дерала со Орден за заслуги. Добитници на ова високо државно признание од Украина се и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и светски познатите актери, Ален Делон и Кетрин Денев.

Што претставува Наградата за солидарност што им се доделува на новинари од Југоисточна Европа?

Наградата за солидарност им оддава почит на храбрите новинари, кои често се изложуваат на големи лични ризици поради нивното критичко известување. Таа има за цел да им оддаде почит на нивната извонредна работа и да го признае нивниот придонес во промовирањето на демократијата, владеењето на правото и слободата на печатот. Наградата, исто така, има за цел да придонесе за заштита на новинарите на терен преку вниманието на јавноста што го привлекува и да ги почитува големите достигнувања на добитниците на наградите.

Со наградата, Асоцијацијата Југоисточна Европа сака да покаже дека стои на страната на оние кои зборуваат за европските вредности како што се слободата на печатот и слободата на изразување. Наградата беше доделена на специјално дизајниран настан и целосно се финансира преку донации.

Биљана Јордановска


Повеќе информации: 

Дерала, добитник на наградата за солидарност на новинари од Југоисточна Европа: Секој од нас е важен дел од огромната сложувалка на светот, која е засенета од мрачната закана од војна и диктатури

Јуратовиќ по повод доделување на наградата за солидарност: Храброста и безрезервната посветеност на Дерала во борбата за човековите права и слободи го прават вистински херој на нашето време

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Аделејд ФајлкеБундестагЈосип ЈуратовиќМануел СарациннаградаЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ