По наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера попладне во Академијата за судии и јавни обвинители се вршеше претрес.
Се одземаа електронски податоци од компјутерските системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дејствијата се во тек.
Фото: МИА архива