• Latest

Корпоративна општествена одговорност: Изворна засегнатост со клучните прашања или само уште една маркетиншка алатка

August 16, 2024

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Христијан Мицкоски, ОН, 25 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА: Христијан Мицкоски во ОН

September 28, 2026
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Корпоративна општествена одговорност: Изворна засегнатост со клучните прашања или само уште една маркетиншка алатка

Потребно е да се отворат очите и да се проговори за важните теми во општеството. Макар и тивко (на почетокот). И шепотот може да се претвори во грмотевица.

August 16, 2024 13:11
in ЕДИТОРИЈАЛ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Големите компании се борат за освојување на пазарот со тоа што ќе ги освојат срцата на своите потрошувачи. Веќе со децении, успехот на компаниите често се мери и со успехот на нивната корпоративна општествена одговорност. Од тие побуди, колегиумот на ЦивилМедиа почна со едукативни текстови на тема општествена одговорност, што подразбира и корпоративна општествена одговорност.

Македонскиот пример не може да се каже дека е соодветен. Се работи за мала и сиромашна земја со неразвиена економија и доминација на транзициските олигарси во сите аспекти на општествениот, политичкиот и економскиот живот. Дали тоа значи дека нема простор и дека не постои корпоративна општествена одговорност? Не, не значи. Напротив, токму во земји како Северна Македонија, има потреба и има простор за негување на корпоративната општествена одговорност. Особено таму каде што институциите на државата и локалната самоуправа бележат системски слабости и катастрофални политики и практики. Само еден пример за тоа е кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ на „Макпетрол“ (креаторите на кампањата заслужуваат повеќе од искрени честитки).

Државата треба да се засрами, а богами и јавниот сервис, медиумите и организациите на граѓанското општество што сите овие години не посветија време, пари и ресурси да ја поведат борбата против врсничкото насилство. И не само тоа. Клучни прашања и процеси се занемарени, почнати и заборавени или воопшто не најдоа простор во јавниот и политичкиот дискурс. Корпоративната општествена одговорност треба да биде дел од политиките, а не водечки, а уште помалку единствен ресурс.

Се разбира, остануваат неодговорени прашањата каква и колку навистина општествено одговорна компанија е „Макпетрол“ и другите големи бизниси во земјата, како и каде ги прават своите милионски профити, а особено какво сè влијание имаат во политиката, медиумите и општеството. И – тие прашања ретко и тешко се отвораат. А кога ќе се отворат, следат тужби за новинарските тимови што се обидуваат да ги разоткријат и разобличат строго чуваните тајни на компаниите.

Најмалку што може да се каже за големите светски компании е дека се изворно хумани и општествено одговорни. Тие не се наивни, ниту особено трогнати од прашањата поврзани со социјалната нееднаквост, животната средина и климатските промени, или од природните, хуманитарните и воените катастрофи. Своите филантропски акции и други облици на практикување на корпоративната општествена одговорност најчесто ги третираат, ни помалку ни повеќе, туку како уште една маркетиншка алатка.

Голема е темата. И каде на друго место може да се очекува отворање на оваа голема тема, ако не во медиумскиот простор на ЦИВИЛ, организација што ја создадоа и ја градат македонските граѓанки и граѓани веќе 25 години. Колегиумот почна со едукативни текстови, но нема да застанеме тука. Очекуваме прилози и информации за тоа колку се навистина општествено одговорни компаниите, а колку тоа им служи како параван или маркетиншка алатка. Потребно е да се отворат очите и да се проговори за важните теми во општеството. Макар и тивко (на почетокот). И шепотот може да се претвори во грмотевица.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА
Tags: корпоративна општествена одговорносттранспарентностфилантропија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ