Политичката сцена можеби претрпе големи измени во Северна Македонија, но формално како држава ние уште сме на патот кон ЕУ. Независно колку чекори назад или напред ќе направиме со новата власт и под кои услови, Северна Македонија не треба да заборави дека еден од критериумите по кои не оценува и ќе не оценува ЕУ е мултикултурализмот.
Во контекст на жешката тема „дестабилизација на државата“ и обидот за меѓуетнички тензии во релација ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ, прославата на 23 години Охридски Рамовен договор и како секогаш присутните националистички наративи, заложбите за мултикутурализмот уште повеќе добиваат на значење и потреба да се инвестира во придобивките од мултикултурализмот и интеркултурализмот.
Во таа насока „Мултикултурализмот наспроти националистичките наративи“ не губи од актуелност, и како што се вели во прилогот, една од најголемите опасности на концептот на мултикултурализмот, што оди во прилог на критиките кон него, е национализмот.
Почитување на различностите, кои не се само етнички, туку и културолошки, верски, родови, сексуални, социјални, интелектуални, образовни… го опфаќаат концептот на интеркултурализам или „да живееме едни со други“, а „не едни покрај други и само да се толерираме“.
И ако на индивидуалецот, граѓанинот, му останува да ги прифати сопствените идентитети и идентитетите на другиот, на државата, како колектив, и останува тоа мноштво од идентитети да ги заштити, приближи и пружи еднакви можности и права.
Б. Ј.
Повеќе информации:
Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ