• Latest
Фото; Фејсбук

Пожар беснее над дебарското село Гари, во земјава активни се 13 пожари на отворено, осум се под контрола, 27 се изгаснати

August 17, 2024

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025

Реакции на косовските политички лидери по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог

September 13, 2025

Уште два дена до крајниот рок за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 13, 2025

Собранието со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори

September 13, 2025
Елена Симонофски- „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија
извор: Фб

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Пожар беснее над дебарското село Гари, во земјава активни се 13 пожари на отворено, осум се под контрола, 27 се изгаснати

August 17, 2024 11:55
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ТОП 5
Фото; Фејсбук

Фото; Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари.  Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата “Стогово” на ЈП” Национални шуми”.

Според Мифтароски, до сега станува збор за околу 60 хектари опожарена површина, но ако итно не се интервенира од воздух состојбата може многу да се влоши и пожарот да се прошири.

Тој додава дека се јавиле и доброволци од ова и соседните села, но поради ризикот што доаѓа од пламените јазици, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.

Според очевидиците, оганот од пожарот е на линијата од три километри до селото и се спушта надолу. Апелираат што е можно поскоро да се испратат хеликоптери за гаснење на пожарот од воздух, за да не се случи најлошото, огнените јазици да се прошират и да ги зафатат куќите во селото Гари.

Граѓаните кои имаат куќи во ова село се загрижени со брзината со која овој пожар се приближува кон селото а доаѓа од планината Стогово каде гори сува трева.

Според соопштението на  Центарот за управување со кризи (ЦУК), во текот на вчерашниот ден,на територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснати.

Сé уште се актвни  пожарите во Општина Македонски Брод во Јасен, во викенд населба Белица каде гори борова шума. Пожарот на Галичица, е на исток во правец на селата Лескоец и Стење, во општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Зафатена е нискостеблеста вегетација и букова шума.

Нискостеблеста деградирана шума и сува трева е зафатена од пожарот во с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, во Општина Долнени, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод. Во Општина Новаци гори ниска вегетација и деградирана шума на потегор од с.Полог, Брник до Рапеш

Во Општина Кичево активни се два пожара. Еден кај с.Цер, планина Лубен, кој се проширил кон селата Брезово и Зашле во Општина Демир Хисар, каде е зафатена нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација. Во вториот зафатена е борова и букова шума, се протега од с.Патеец – с.Козичино, и се проширил кон с.Дупјани.

Во општините Пласница и Македонски Брод пожар има меѓу селата Пласница и Латово, и во с.Девич м.в.Вртешка, гори мешана шума. Мешана и нискостеблеста шума е зафатена и со пожарите во с.Гари на планина Стогово во Општина Дебар и во Општина Чашка: с.Мокрени. Два пожари се активни и во Општина Маврово – Ростуше, и тоа во с.Врбен и на врвот Кораб кој е префрлен од Р.Албанија, каде огнените јазици зафатиле нискостеблеста вегетација. Гори нистостеблеста шума и во Општина Долнени кај село Небрегово кој што се префрлил од Општина Чашка од планина Мукус.

По контрола се пожарите во: Општина Валандово: с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);Општина Македонска Каменица: с.Цера  – повторно се разгорел на еден крак; Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума); во Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација); во Општина Делчево: Депонија Делчево  (депонија); два во Општина Чашка, едниот кај с.Папрадиште и с.Ореше  (мешана шума) и на планината Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума), како и во Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) кон с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки).

Изгаснати се вкупно 27 пожари:

1. Општина Битола 1: с.Острец (сува трева, мешана шума);

2. Општина Битола 2: м.в.Петилеп  (сува трева);

3. Општина Прилеп: помеѓу бензиските пумпи на „Салида„ и „Лук Оил“ на регионалниот пат Прилеп – Скопје  (сува трева);

4. Општина Долнени 1 : с.Дреновци  (ниска вегетација);

5. Општина Долнени 2: с.Браилово  (ниска вегетација и стрниште);

6. Општина Чешиново – Облешево: с.Уларци  (стрниште);

7. Општина Птобиштип 1: с.Ратковица  (мешана шума);

8. Општина Пробиштип 2: с.Лезово  (нискостеблеста вегетација);

9. Општина Пехчево: с.Негрево  (мешана шума);

10. Општина Ресен : с.Болно – с.Илино (букова шума);

11. Општина Кавадарци: с.Ваташа, м.в.Фуштани  (ниска вегетација и сува трева);

12. Општина Куманово 1: локалитет Менкова Колиба  (стрниште и сува трева);

13. Општина Куманово  2: с.Сопот  (сува трева);

14. Општина Куманово 3: нас.Средорек  (ѓубре);

15.Општина Липково: с.Никуштак  (депонија);

16. Општина Старо Нагоричане: с.Младо Нагоричане  (стрниште и сува трева);

17. Општина Желино: с.Чифлик  (сува трева);

18. Општина Гостивар 1: с.Балиндол  ( сува трева);

19. Општина Гостивар 2: с.Неготино  (сува трева);

20.Општина Врапчиште: с.Врабчиште  ( сува трева);

21. Општина Радовиш: с.Подареш  (депонија);

22. Општина Сарај 1: с.Кондово  (ѓубре и сува трева);

23.Општина Сарај 2: с.Глумово  (сува трева);

23. Општина Гевгелија: с.Давидово  (грмушки и сува трева);

24. Општина Кичево: с.Аранѓел  (ниска вегетација и стрниште);

25. Општина Тетово: с. Порој  (сува трева);

26. Општина Струга 1: с.Велешта – с.Долна Белица  (стрништа и сува трева);

27. Општина Струга 2: с.Мороишта – с.Мислешево (стрништа и сува трева).

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дебарско село ГарипожарЦУК
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ